Би сакал да објасните зошто така размислувате, какво уље треба да користи и кој би бил бенефитот од тоа?
Дали вреди ставање поскапо уље наместо препорачаното од производителот и тоа што го ставаат во овластени сервиси? Ме интересира бидејќи и јас имам Astra H со истиот мотор, има 66.000км, не троши ни капка уље и си работи одлично. 
Конкретно, кај Опел, секое масло што задоволува dexos2 стандард е повеќе од доволно. Цената игра тука улога, ама разликата од масло до масло (мислам на различни брендови) е минимална - 200-300 денари, за 4 или 5 литри.
Ако со тоа масло си задоволен - терај, by all means. Баш за ГМ маслото, проблемот е што многу фалсификувани производи има на пазарот, и е многу тешко да погодиш оригинал. Ако го погодиш, нема никаков проблем. Јас три години користев ГМ 5W30, ама пошто ја сервисирав во овластен сервис. Сега веќе ја серивисирам во сопствена режија, и го избегнувам ГМ маслото од таа причина - фалсификувањето.
А дали вреди? Ај вака - вреди да пиеш Кока Кола, наместо Пелистерка Кола? Нема проблем - и двата пијалоци ќе ти ја изгаснат жедта, ама со кое ќе бидеш ти позадоволен?
Исто е и со моторите - поскапо масло, "позадоволен" и поблагодарен (во однос на дефекти) мотор.