Друже што мотор имаш за да трошиш 6 литри масло по интервал? 
Моторот е стандард 1.4 со тоа што да појаснам од 6 те литри масло 3.5л идат при промена на сервис, а останатите 2.5 литри ги додавам до нареден сервис на пројдени 10к.
Имајте во предвид дека колата најчесто на отворено се вози од сам почеток и најчесто на високи обртаи ~4000rpm.
Си има мака неговата кола од старт.
Не би рекол дека има било каква мака колата, без разлика на потрошњата на маслото. Имам уште еден опел вектра б која исто така троши масло и со еден куп луѓе што сум разговарал што имаат опели истото го имаат кажано, а тоа е дека опелите си трошат.
Количината веројатно зависи од типот на маслото, режимот на вожња, километража на возилото итн.
Исто имам сретнато и опелаши што викаат дека ни капка масло не им троши колата што искрено многу се поретки тие луѓе, но сепак ги има.
Затоа потрошњата на масло конкретно кај мојата кола го сметам дека е во нормални рамки и ништо чудно, поготово затоа што увидов дека има врска со квалитетот на маслото.
Да имаше проблем колата секое ќе го пиеше со исто темпо и во драстични количини.
И секако да не го спомнувам тука одговорот на Опел дека со 0.6л на 1000км е во нормални рамки.
На моето ауто (kalos 1.4 16v базирано na опел c14xe машина) Selenia имам пробано со 5w-30 Performer Multipower, иако беше многу тенко, сепак не го трошеше, ама па си имаше и недостацои. Многу тешко креваше температура колата, што во зима и не е баш на арно, а и со уљните пари не беше нај нај сјајно. Имам пробано и Selenia Touring 5w-50, тоа се покажа во ред, а најдобро се покажа 10w-60 Petronas Racer. Ама тоа е скапо масло за секојдневна вожња, а и за во зима не е идеално решение... Па сега возам 10w-40 Petronas.
За астрата, сум ги пробал GM, ти викам ем трошеа ем правеа уљни пари. Ставив Total 10w-40 и воопшто не го трошеше и по 1 година и 10.000 поминати, ама па тропаа подизачите. Сега сум нa Тоtal5w-40 и се е во ред
Извини ама двапати спомињаш дека сега возиш 10w-40 Petronas и Total 5w-40, па не те сфатив што имаш сега?

Со петронасот не ти тропаа подизачите?
Прилично сум скептичен за оргиналноста на Тотал маслата кај нас, а за нареден сервис ќе пробам или селениа или петронас па ќе пренесам искуство. И онака ми следува за 2000км што со моја вожња ќе му дојде цирка 1 месец до месец ипол
