Автор Тема: Проблем опел астра г 1.7 дти  (Прочитано 1420 пати)

Отсутен vladko

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 1
Проблем опел астра г 1.7 дти
« на: 26 Мај 2014, 20:06:07 pm »
Здраво на сите на форумов. Имам проблем со мојата кола опел астра г 1.7 дти 2002. Бидејќи не се разбирам во механика ќе се обидам најдобро што можам да го опишам проблемот. Во возење се исклучија сите стрелки на таблата (обратомер, брзина, температура, гориво) а се запалија сијаличките за абс и воздушни перничиња и се исклучи и сервото а се изгасија и светлата. Кога ја отворив хаубата осигурачот на акумулаторот беше отворен и имаше исфрлено вода (киселина) и акумулаторот беше многу топол. Бев кај еден мајстор кој ми рече алтернаторот многу полни струји и кога го премери напонот на акумулаторот кај главната клема имаше напон од 30 волти и рече дека е  до реглерот на алтернаторот и го замени, но по кратко време повторно се појави истиот проблем. Ве молам за совет

Отсутен seat ibiza

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 184
Одг: Проблем опел астра г 1.7 дти
« Одговори #1 на: 26 Мај 2014, 21:49:33 pm »
Обрати се кај Маршар тој ке ти објасни се. Поздрав

Отсутен Kozanostra

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1901
  • Opel Astra 2.0 DI
Одг: Проблем опел астра г 1.7 дти
« Одговори #2 на: 27 Мај 2014, 00:09:15 am »
Moжеби не ти го направил како треба и сега повторно го имаш истиот проблем, а можеби и сега ти е рикнат акомулаторот од што бил преполнуват како што кажуваш ти и до 30 volti ......За тоа најди си добар автоелектричар да ти го поправи алтернаторот и да немаш проблеми .....

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7833
  • Плинаш!!!
Одг: Re: Проблем опел астра г 1.7 дти
« Одговори #3 на: 27 Мај 2014, 01:46:03 am »
Внимавај, не ја вози така колата можеш многу лесно да се запалиш. Најверојатно е до алтернаторот. Посети го маршер.