Автор Тема: Случки со полиција, казни, судови итн  (Прочитано 1875136 пати)

Отсутен damjanku

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 301
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #7485 на: 04 Јуни 2016, 00:41:27 am »
Во налогот кој го има земено кај потпис пишува „Одбива“, а за во записникот незнам.

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1758
  • Veritas Vos Liberabit
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #7486 на: 04 Јуни 2016, 13:53:52 pm »
Записникот останува кај жацото. Единствена олеснителна околност која иде во прилог на татко ти е што не го потпишал налогот. Доколку се одлучи да не ја плаќа глобата тогаш по прекршокот ќе одлучува комисија за прекршоци при СВР Куманово. Ќе му дадат уште еднаш шанса да ја плати глобата и ако не ја плати ќе донесат решение за сторен прекршок со износ на глобата (300 бона) и најверојатно санкција забрана за управување на моторно возило (најверојатно 12м пошто ќе ги одбие првиот пат кога ќе му понудат порамнување). Против тоа решение татко ти ќе има право на тужба во рок од 8 дена до Управен Суд. Кога ќе ја поднесе тужбата во неа ќе наведе дека прекршокот не бил таков како што го опишал жацото пошто ако е така Управниот Суд најверојатно ќе пресуди во корист на Комисијата. Мора татко ти да негира дека е таков прекршокот осносно да ги изврти фактите во негова полза а како прилог на тоа ќе наведе дека токму затоа не го потпишал записникот за сторен прекршок и налогот. Пример: може да каже дека автобусот се движел со многу мала брзина и дека тој залетан се обидел да прикочи и да не удри во него проценил дека е побезбедно т.е морал да го претекне но тоа не му била намерата. Како потпора може да наведе дека во ЗБСП има одредба каде вели дека возилата не смеат да се движат со многу мала брзина бидејќи и со тоа го загрозуваат сообраќајот (ова е со мои зборови, не ми текнува како точно гласеше одредбата). Значи да се сведе на зборот на жацото против зборот на татко ти.  Доколку УС пресуди во корист на татко ти Комисијата за прекршоци има право на жалба до Вишиот Управен Суд или обратно, ако пресудата е во корист на комисијата татко ти може да се жали до ВУС. Одлуката на ВУС е конечна.

Во случај татко ти да го потпишал налогот тоа би значело дека е согласен со прекршокот и ќе морал да го плати. Вака има опција да проба да види што ќе излезе. Во секој случај ако се одлучи да не го плаќа налогот сега и да чека судска разврска или нема воопшто да плати (освен давачките за тужба и жалба) или ќе плати колку што е целиот износ на глобата од 300 бона плус судските трошкови. Ако се одлучи сега да ја плати ќе плати само 150 евра и со многу среќа 3 месеци забрана.

Ова ти го пишувам од искуство пошто имам у фамилија ваков случај ама со друга институција само не е за на форум јавно мада и ова погоре што го пишав не е за на форум ама нека иде во етер.
Brains are awesome. I wish everybody had one.

Отсутен Mercury

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 799
  • Т(д)ркач
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #7487 на: 05 Јуни 2016, 01:40:52 am »
Иначе мостот е очигледно со 4 ленти.И гугл има возено на втората
https://www.google.mk/maps/@42.1338904,21.7019192,3a,89.9y,59.33h,49.82t/data=!3m6!1e1!3m4!1sW0gSpL8ePTPxd5PNDQCIrA!2e0!7i13312!8i6656?hl=en%22

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1758
  • Veritas Vos Liberabit
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #7488 на: 05 Јуни 2016, 01:59:05 am »
Мостот е доволно широк за 4 сообраќајни ленти, но само мостот. По завршување на мостот патот кој води кон касарната е со две ленти ако не грешам иако има доволно простор и за 3 ленти. Во секој случај мостот да е широк и за 10 ленти законот вели дека не смее да се претекнува бидејќи истите не се обележани на коловозот за сообраќај во иста насока. Жацото постапил согласно законот. Прашање е сега дали татко му ќе ја плати казната или ќе игра покер со судот.
Brains are awesome. I wish everybody had one.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6635
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #7489 на: 05 Јуни 2016, 02:00:59 am »
Има и една друга ситуација тука поврзана со мостот. Одма после мостот, по симнувањето, од десна страна има пат, што значи е раскрсница, да не испадне ситуацијата пак престигнување во зона на раскрсница.

Отсутен damjanku

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 301
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #7490 на: 05 Јуни 2016, 15:01:47 pm »
@Дибидус фала ти многу за помошта.

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1758
  • Veritas Vos Liberabit
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #7491 на: 05 Јуни 2016, 23:14:44 pm »
нема проблем, btw пиши што ќе испадне на крајот.
Brains are awesome. I wish everybody had one.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14340
  • Пудингот на шоферството
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #7492 на: 05 Јуни 2016, 23:24:52 pm »
Denes brat mi si dobi 300e cestitka poso go fatile so 88km/h niz grad.E sea ili pola pola ili poeni ke pisi,a mozebi ke ja plaka na 50000000 rati odkako ke ja doplati taa pogolematabso ja plaka momentalno napravena od mene na negovo ime. ;D
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1758
  • Veritas Vos Liberabit
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #7493 на: 05 Јуни 2016, 23:42:31 pm »
и плус забрана од 3 до 12 месеци.
Brains are awesome. I wish everybody had one.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14340
  • Пудингот на шоферството
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #7494 на: 05 Јуни 2016, 23:45:47 pm »
Zabranata e slagot ama nikogas ne sum ja esapel da ne vozam zaradi nea,a isto i brat mi. :)
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #7495 на: 13 Јуни 2016, 09:24:19 am »
Мече кај можи да возиш во селото на конзулите 88кмх?  Претпоставувам на излез или на обиколница?

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14340
  • Пудингот на шоферството
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #7496 на: 13 Јуни 2016, 13:14:47 pm »
Скоро секаде,братми го уловија на булеварот.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6297
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #7497 на: 13 Јуни 2016, 15:57:07 pm »
Пред некој ден ме запира полиција и ми бара возачка.. И јас му го давам тоа ливчето (потврда) пошто чекам возачка за Ц категорија.. И почна полицаецот да кажува дека со ова исто ко без возачка, не сум смеел да возам, 250 евра казна ова она.. Му викам јависе во централа прашај слободно да видиш дека чекам возачка за Ц, Вака гледа на ливчето пишува Возачка дозвола тип А.. И уште посумљиво му падна.. Па ајде некако ме пушти...

И сеа што е работата не ми е јасно?  2 недели се чека за да ја добијам возачката дозвола.. 2 недели не смеам да возам ? Нема смисла нештово..

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5834
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #7498 на: 13 Јуни 2016, 16:00:00 pm »
Обично би требало да имаш 2 дозволи, не требало да ти ја земат старата. На новата ќе ти бидат вметнати и Б и Ц. Барем другарчево кое има Ц има 2 дозволи. А со ливчето мислам смееш да возиш доколку се работи за продолжување на возачка и вака како твојот случај, ама како ќе ти се погоди џандарот...

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1758
  • Veritas Vos Liberabit
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #7499 на: 14 Јуни 2016, 00:14:25 am »
@Алкександер Во ниеден случај не смее да има две возачки дозволи кај него. Ако е така можат дубари да се прават.

@Бузуки Потврдата што ти ја дале е замена за возачката и ти си бил исправен пред законот, тоа што жацото испаднал ќутук не е нешто ново. Добро е што не му текнало да ти напише глоба па да се заебаваш по судови да докажуваш дека не си виновен заради еден глуп жацо.
Brains are awesome. I wish everybody had one.