Почитувани клабери вчера околу 20ч ми се случи еден за мене доста немил настан,настан кој не е поврзан со казни поради сообраќаен прекршок но во него е вклучен физики напад и пријава од моја страна во полициската станица.Воедно ми е потребен и некој совет од поупатените(адвокати и слично).
Во брадска кука,која е легално поделено на два дела,со што едниот дел е на трајно владение на татко ми а другиот на чичкоми(прв спрат на татко ми,втор на чичко ми),кој од пред неколку месеци е и физички поделен со посебен влез,двор,посебен струјомер и водомер.Во оваа делба е вклучен и половина од дворот,подрумот и таванот кој се нотарски заверени.До пред неколку месеци никој не живееше таму,но сега живее сестра ми со зет ми,а од пред 10 години имам направено посебна гаража за колата во склоп на подрумот во кој и тие имаат гаража со трактор и кола,но физички поделена.
Вчера нешто пред 20ч влегов во гаражата и ја извадив колата во дворот да проверам под хауба и за неполна една минута врз мене од терасата од втори спрат која е над мојот дел од дворот истурија вода а за неполна минута бев физички нападнат од страна на мојот прв братучед,навреден со какви се не зборови од страна на целата нивна фамилија,со оправдување дека колата брчела итн....
Сето ова го пријавив во полиција,која дојде на лице место,направи записник,а утрово после 6ч извадив и лекарска потврда(бидејќи бев трета смена и немав време да извадам сношти).
Прашањето ми е кои се моите лимите,дали можам во мојата гаража да вклучам правосмукалка за да ја исчистам колата,дали можам непречено во било кое време да ја вадам колата од гаражата.Од нивна страна неколку пати во денот по моја претпоставка намерно се пушта вода да течи точно пред гаражата и влезот на спратот.Сето ова се случува од пред неколку месеци,откако физички е поделен спратот,а нотарски е префрлен на трајно владение од пред 15 години.Како што кажав во таа кука не живеам веќе 23+ години,од пред некој месец спратот е комплетно реновиран и привремено живее сестра ми со зет ми.