Можеш да ја платиш во рок од 8 дена упола ако не си потпишал? Со која цел е непотпишувањето?
Обично не се потпишува ако сметаш дека тоа што го потпишуваш не е точно, односно не се сложуваш. Можните активности се да си ја бараш правдата на суд, со цел да најдеш разбирање од судијата па да ти ја намали казната. Меѓутоа судиите знаат со кого си имаат работа и тешко ќе се постигне тоа. Поготово што прекршокот е сериозен и многу омразен од популацијата.
Незнам зошто милицаецот ти рекол 6 месеци, кога реално е 3 месеци (ако не смениле нешто во меѓувреме) ако ти е прв прекршок. Ако ти е втор, тогаш може да се оди на 6 месеци. Или ако е сериозно надминување (213кмч во град го сметаат за сериозно надминување, проверено) исто добиваш 6 месеци.
Олеснувањата се во поглед на плаќањето, да се плати упола, или да се олесни трошокот колку може. Но одземањето на возачка е неизбежно, со најмалку 3 месеци. Поготово што се работи за таков сериозен прекршок како возење под дејство на алкохол - една од најчести и најлоши видови на прекршок.