Автор Тема: Случки со полиција, казни, судови итн  (Прочитано 2622857 пати)

Отсутен DayWalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3063
  • Ќебапбрингер!
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #1920 на: 02 Ноември 2012, 01:19:09 am »
Во ред е законот бе, иако до вчера мислев дека не е...Го пројдов и ја ова и мене не ми се свиша ама тоа е и боље нека е така.
Под број еден - Сите вклучувајки ме и мене ( до пред 7-8 месеца да речеме) мора да научиме ДЕКА НЕ СМЕ РОДЕНИ У КОЛА
Друго, Вечерно време, викенди поготово сите знаеме како сме ги проаѓале, бар повеќето...
Збориме тука труеме теми како алкохол вака така, не се вози вака така, а се противиме на нешто што се обидува да го спречи тоа :S WTF?
Законов сака да го спречи она, што го имавме на тема пред неколку дена, кога малолетник се заби у Влада у знамињата, а и она кога погина невин човек мислам за вработен во некој кафич се збореше.
Друго, малолетник е секогаш и секогаш еднакво на - Неразумно глупо дете без грам памет у него, што само збори " ќе напунам и ја 18 години" - значи ова сум бил и ја!!!
Додека ми беше забраната, ретко кога возев негде ама ептен ретко и не ми било ама ич сеедно, а сега, секојдневно се радувам што не сум може да возам тоа време, а фала богу иако имам лично своја кола, моите родители не ми давале да возам после 11. Или пак ако инсистирам знае татко ми да ми рече - Прај што сакаш, ако те казнат денар не ти давам...а 400 евра да им ги родам :S невработен
Така да совет...не летајте многу и не пцујте по кој е крив, кој полни буџет и слично...

Ако гледаме вака 88% од законите немаат смисла
Зборење по телефон - Џереми Кларксон рецимо може да сошие копче на фармерки дур вози кола
Појас - моја лична безбедност, ако сакам ќе носам ако не неморам...кој е цајканот мене да ми нареди да си стаам појас, ја ќе умрам не он
Алкохол до 7 саат
Фрлање пикавец 50 евра - нели сите го зборевме овој закон и јас најгласно...додека малце не прошетав низ Европа и видов дека коа ќе фрлиш пикавец те гледаат на криво...ни треба култура и тоа многу!

и уште ред други закони можеме да им најдеме дупки, или да кажеме дека нема потреба да постојат пошто се само "перење пари"
Не е така!

Отсутен Bojan j

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3067
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #1921 на: 02 Ноември 2012, 01:20:33 am »
Мислам дека не е таков законот...
Мислам дека тоа 2 год. искуство важи ако си положил најкасно на 20 или на 21 година.

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7269
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #1922 на: 02 Ноември 2012, 01:22:41 am »
Така е, нема врска на која возраст ке положиш. Истото се дешава и со тешките прекршоци и кога ке ти ја одземат возачката не на определено време туку засекогаш и кога ке ти дадат забрана 2 години да полагаш, па после тоа ке полагаш и законот ке те смета за возач почетник. Пример средовечен човек му ја одземаат категоријата, 2 години не смее да полага и после тоа законот го смета за возач почетник, така е

ПС отидов да спијам сеа, 1 смена сум, дур не сум се изнервирал саглам  ;D

Отсутен Bojan j

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3067
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #1923 на: 02 Ноември 2012, 01:24:48 am »
Возачки дозволи не ги земаат туку така од мерак...
EDIT:Се зазборев на тел. изгубив концентрација

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9214
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #1924 на: 02 Ноември 2012, 01:40:41 am »
и на 50 да положиш наредните 2 години ти си возач почетник

законот е тој,дали ќе се почитува или не,тоа си е личен избор

само можам да кажам дека е чиста глупост,многу повеќе треба да си "шофер" за да возиш во 4 саат по гужвите и да пазиш на пешаци,таксисти итн. отколку во 11 кога има многу помалце сообраќај,поминале 2 години и 2 месеци и сега сите се зрели возачи и ајде ако нека важи законот,децава незнаат да возат работава...

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #1925 на: 02 Ноември 2012, 01:46:57 am »
Мислам дека не е таков законот...
Мислам дека тоа 2 год. искуство важи ако си положил најкасно на 20 или на 21 година.

и на 50 да положиш, ти си возач почетник и оние 2 години и за тебе ке важат... затоа што тоа е временски период кој некој таму го одредил за преминување од возач почетник во нормален возач... а сите возачи почетници се ризична група на возачи... така да оној момент кога ке положиш ти си возач почетник..
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7891
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #1926 на: 02 Ноември 2012, 01:48:39 am »
Ја првите 2 години откако ја зедов дозволата, не возев, немав кола.
И, по која логика мене дозволата ме прави искусен шофер кој може да вози после 11 по 3 години поседување дозвола ако немам ден возено во кола?

Законов колку што има логика, толку и нема.

Отсутен Bojan j

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3067
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #1927 на: 02 Ноември 2012, 01:55:46 am »
Не знаат...
Не си возач ако возењето не ти стане рутина. Т.е пак ќе кажам татко ми што ми има кажано, има три типа на возење, кога знаеш да возиш, кога си навикнат да возиш и кога возењето ти е рутина.

Нормално, ако прв пат положуваш макар и на 50 години.ти си возач почетник.

55. ,,Возач-почетник” е секој возач на моторно возило до 21 година
возраст, како и возач на моторно возило во период од две години по
добивањето на возачката дозвола, независно дали дозволата ја добил во
Република Македонија или во странство. Возач-почетник е и возач на моторно
возило во периодот од две години по добивањето на возачката дозвола од
одредена категорија, независно дали поседува возачка дозвола за друга
категорија;

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #1928 на: 02 Ноември 2012, 01:56:13 am »
Ја првите 2 години откако ја зедов дозволата, не возев, немав кола.
И, по која логика мене дозволата ме прави искусен шофер кој може да вози после 11 по 3 години поседување дозвола ако немам ден возено во кола?

Законов колку што има логика, толку и нема.

томи... дај биди реален.. колку од народов и младежов зима возачка и ја чува у џеб колку да се каже дека ја има? 1 до 2%... ти си исклучок... или ти си еден од ретките... јас пак пред да положам и да земам возачка веке имав поминато неколку мои коли.. значи секој може да трга од својот пример... ама неговиот пример не е веродостоен за еден закон... законот и правилата се прават според ПОВЕЌЕТО луѓе... никогаш нема да се деси да се донесе некаков закон и сите да бидат среќни...



п.с. можеби ако се донесе закон за грците при секој влез во МК да плаќаат по 10 евра сите ке бидат среќни... ма што зборам јас бе....  ни тогаш, ке се најдат некои грко фили што ке се бунат :)
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Bojan j

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3067
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #1929 на: 02 Ноември 2012, 01:57:37 am »
Ја првите 2 години откако ја зедов дозволата, не возев, немав кола.
И, по која логика мене дозволата ме прави искусен шофер кој може да вози после 11 по 3 години поседување дозвола ако немам ден возено во кола?

Законов колку што има логика, толку и нема.

Подобро да стои законот да влева колку толку страв за парите отколку да го нема воопшто...затоа го оправдувам

http://www.mvr.gov.mk/Uploads/Zakon%20za%20bezbednost%20na%20soobrakaj%20na%20patista-neoficijalen%20precisten%20tekst%20okt.%202010.doc.pdf

Отсутен Kimi R

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3009
  • "Just leave me alone, I know what I'm doing"
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #1930 на: 02 Ноември 2012, 01:57:58 am »
Иначе законот гласи дека возач почетник е секој возач до навршена 21 година и 2 години возачко искуство. Тоа и-то значи дека и 2та услова се задолжителни, односно мораш да ги исполнуваш за да не го прекршиш законот.
Законов до некаде е паметен и океј, меѓутоа кај нас функционира во целосна спротивност од тоа како треба да функционира, односно самата ситуација во нашава ни мила држава не дозволува законот да кореспондира со неговата основна цел и намена. Зашто е тоа така? Епа од простра причина што оние кои што треба да бидат опфатени со овој закон, татините синови кои возат коли појаки од 100 коња, кои се курчат и возат пијани, продолжуваат да го прават тоа поради тоа што знаат дека тато ќе сврти еден телефон или ќе му дае 200 евра за една недела да плати казна. Од друга страна го јадеме јас односно ние, што знаеме дека тато нема да сврти телефон и знаеме дека нема да ни дае 200, не дај боже 400 евра, а сепак знаеме како да се испонашеме кога ќе искочиме и знаеме дека треба да бидеме трезни и дека не треба да направиме некоја глупост од проста причина, ако не ни текнуе на тоа дека може да загорзиме нечиј живот ќе ни текне на тоа дека тато ќе ги собере клучевите и више ни к од кола нема да видиме. Овие другиве пак условно кажано чалмаџииве, знаат дека тато ќе ја среди колата или ќе купи понова. И доаѓаме до крајниот заклучок, која е поентата на законов што во вечерните часови ме трнал мене од улица, пред се воспитано и свесно за последиците дете, а не го тргнал мајмунот којшто прво нема домашно воспитание, а пак да не зборуваме за свесноста и помислувањето на последиците, сума сумарум кај нас законов нема поента.
И јас бев копиљ со возачка на 18 години, идев у школо и на факс со кола, ама додека не ми поминаа 2 години од дозвола, колата секоја вечер во 23-00 беше на паркинг, последната година до 21 годишна возраст не ја чекав пошто ми дое преку тасета од чекање и малце бев стегнат и се молев да не ме запрат џандари, ама никогаш не сум влегол у кола со повеќе од едно исипено пиво и никогаш не сум изведувал глупости од стилот проаѓање на црвено, за малку прегазуење пешаци и слични ствари. Е сеа нормално дека имало испади у стилу пречекорување брзина и такви слични работи, ама па кој пубертетлија не го правел тоа, но сепак можам комотно да кажам дека тоа сум го правел со многу повеќе памет и свест од многу мои врсници, или како што рече Бојан фраеришање со усул.

Отсутен Bojan j

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3067
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #1931 на: 02 Ноември 2012, 02:02:20 am »
Ете, стигнавме до темата за домашно воспитување, се тргнува од тоа... Секоја чест на твоите што те научиле на ред. И мене татко ми ме научил на ред (војската си го прави своето), во првите 3-4 месеци од земање на дозвола не смеев да возам сам во град. Значи одев на тренинг со кола со него до мене и он после пешки си одеше и доаѓаше на крај.

Затоа и во еден претходен пост реков дека се ретки нормалните родители. Јбг, таква држава сме...

Кај нас законов нема поента... се кажа со ова. Законот е топ и има поента ама ние сме ѓубре нација

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9214
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #1932 на: 02 Ноември 2012, 02:10:37 am »
бојан многу убаво ти има кажано татко ти,камо според тоа да беше направен законот

кими р,од збор до збор точно освен фраеришање со усул.... или возиш брзо или не возиш,нема тука усул ;D

еве примерот на томи и на онак,значи после полагањето,после една година нека има уште еден тест
знаеш или незнаеш да возиш,ако си добар за тебе забраната завршува,ако не си имаш уште една година да научиш
ок нека се плаќа тоа по некоја симболична цена и секако дека ќе се мрчи за цената али барем ќе си возиш на раат :)


Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #1933 на: 02 Ноември 2012, 02:12:24 am »
добра идеја... по една година полагаш градска и ако положиш нема више забрани.. ако не положиш, да ти речат СЕ ГЛЕДАМЕ ЗА 6 МЕСЕЦИ... е ова би било идеално...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Kimi R

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3009
  • "Just leave me alone, I know what I'm doing"
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #1934 на: 02 Ноември 2012, 02:12:51 am »
Не знам дали имам напишано или сум сакал да напишам, дека многу е битна заинтересираноста на самите родители околу дете кога ќе земе дозвола. Не е само еј зема дозвола на ти сине колата и вози ја. Многу е битно да обрнеш внимание и да го научиш детето на некои работи кои што не се учат во авто школа. Мене мајка ми ме седна у сто кецот на мои 13 години зашто виде дека сакам да возам и ми рече, ај боље со мене него ли да крадеш кола и глупост да напраиш. Па од тогаш додека да положам научив(ме научија) многу работи кои што тогаш можеби ми беа смешни ама денес сметам дека и те како биле корисни. Кога си ја земав дозволата у 7 саат после 2ра смена у школо отидов дома и им реков на моите еј си ја земав дозволата, ај идам малку да ги повозам другарите. Моите без никаков проблем ми ја дадоа колата зашто знаеа дека пред се изградиле свест кај мене дека треба да го уклучам мозокот у пубертетската тиква и дека нема да се дрзнам да праам глупости.