1.
-Каросерија,да нема рѓа или скапано,Рено не скапува,освен ако не е китирано,фарбано и сл.
-Рабовите на крила,хауби врати да се со исто растојание,не од една страна одделено крилото од хаубата 5см,а од другата страна залепени едно до друго.
-Ако повеќе се разбираш ке увидиш кит,мит и сл...
2.
-Ке гледаш дискови плочки во шо состојба се,дали се за менување одма или имаат уште возење,исто гумите проверка во шо состојба е и која година се произведени.
-Подвозје,дали тропа лупа по дупки или е ‘стегнато‘.
3.
-Мотор,како пали,како ја прима гаста,рамномерно,нерамномерно,гуши не гуши,трокира не трокира и сл.Дали чади не само кога ја тепаш гаста до крај,туку и под нормална гас дали чади,ако чади под нормална гас,дизни мизни,пумпа и сл. е при крај.Турбото каков звук вади,нормален,ненормален.
п.с Сервисни книшки нека не ве лажат,барајте лепенки по вратите,по столбовите,кај моторот на колку км е последен сервис и на кој датум.
п.с.2 Пред една недела купував кола за тетка ми,гледам Поло 1.4 тди на плац,китирано на багаж,на венчиња,од долу корозија.На тахо ‘изминати‘ 145.хххкм,а на капак на мотор лепенка за сменет каиш на 195.хххкм...И уште ме убедува дека не била вратена километражата ниту за едно метро.