Здраво на сите.
Како што гледате во процес сум на купување на Renault Megane II од 2003-та, 2004-та.
Буџет до 4000€. Hatch верзија, 5 врати.
Мотор, како што гледам по изборот во МК бензин нема, а плин и да има не иди во предвид.
Останува дизел, и по можност 1.5 dCi со 82КС, ем поевтино за регистрација ем поевтин зелен картон.
Воопшто не ми менува посилен и поголем мотор, затоа што не го прицкам толку педалото за гас,
а до 120km\h и најслабиот мотор ќе ми врши работа. Сепак со ваши совети не сум ограничен,
така да и 1.9 влегува во игра со 120КС. Малце поскапо за регистрација и појќе пие ама ако.
Моето прашање е што треба да знам, да обрнам внимание кога ќе ги гледам.
Читав во совети пред купување и вика еден дел:
„Особено карактеристично за француските дизели е тоа што
тие не димат дури и при нагло давање на гас“
Дали при тест возење јас да очекувам вакво нешто, или па можно е да дими колата со оглед
на километрите? До што имам видено низ град не димат, за разлика од некои голфој.
Лично јас не сакам никаква боја од ауспухо, пошто стоедното од 1977-ма
никаква боја не ми вади ни од иберлауфот под кола иако дуваат двата да не речам со ист интезитет. х)
Дали од шипката или капачката за масло треба да дува или воопшто, или пак и да прска нема гајле?
Ќе купувам од Македонија, било увезена или од тука, бидејќи не сакам да се тормозам со триста документи
и сакам да ја имам можноста во овластен рено сервис да ја проверат пред да ја купам, да знам на шо си стојам.
Можно е да одам и Бугарија со чичко ми, тој инсистира од таму, од дупница незнам каде плацој еден куп имало,
ќе сме наеле поевтина, ама ветер во магла, ко ќе почнам да елиминирам та караван, та три врати та кабрио,
една ќе остани и таа канта.
Уште нешто, платено до регистрација значи земам јас документите и да не речам истиот ден можам да ја регистрирам,
или пак има и уште нешто шо треба да се чека, пр таблици итн...?
Благодарам.
ПС: можи да потрај сето ова некоја недела месец дури да купам, ама сигруно ќе купам.