изгубив ДРАГ пријател. изгубив ВЕРЕН другар. изгубив ЧЕСЕН колега.
Атанас беше звер од човек, со лавовско срце. скоро секојдневно дружевме, години наназад. Атанас беше човек со кој ниеднаш се немам замерено за ништо. Атанас е суштество со кое секој би сакал да биде пријател. Неговата добрина и пријателство зрачеа на сите можни страни. И кога беше болен, зрачеше со позитивна енергија. И кога беше лут за нешто, не дозволуваше негативност да надвладее, а кога беше срекен го споделуваше тоа со пријателите. Денес, мојот клубски колега, кој е и еден од основачите заедно со се мене и уште 5 други особи од мото клубот Sons of the order, го загуби животот на мотор. Денес животот и среќата на мојот драг другар и пријател згасна. Од денес, еден човек, со такви особини што ретко кој умее да ги поседува одеднаш, го нема.
Животот мој нема да биде ист и нема да биде како што бил досега. Планетава земја више нема да биде иста. Од денес, више ништо нема да биде исто. Денес на итен состанок, синовите на редот, одлучија овој ден да биде меморијален и во негово име, секоја година на овој ден 17.05 ке се одржува мото возење со сите почести... затоа што таков човек тешко дека втор пат во животот ќе запознаеш.
почивај во мир драг драг пријателе. нека ти е лесна црната земја другар.
п.с. прочитав по разни портали, дека возел брзо, несовесно, излетал од пат и ред други такви работи... сосема е друга причината, но затоа, накнадно ке напишам, откако ке се завршат сите церемонии.
погребот ке биде на градските гробишта во синѓелиќ, т.е. на гробиштата во камник. точното време сеуште не го знаеме бидејки ке се чека обдукцијата утре од сабајле. после тоа следи во црквата во синќелиќ, па на гробиштата во камник...