Не дека сум некој експерт, не дека сум чепкал нешто Бог знае што по коли, ама на база некои лични искуства кои сум ги имал, ќе ти дадам еден најдобронамерен совет:
Колку што разбрав, не сакаш да менуваш мотор, сакаш да го возиш оригиналниот, но сакаш да му дадеш малку повеќе сила, така?
Со тие карбураторите од мотор мислам дека нема да успееш, само ќе си создадеш проблеми... пред се сите треба да бидат наштелувани како што треба и синхронизирани, а тоа е ужасно тешка работа. Друга работа е како ќе реагира моторот на сето тоа, како ќе го поднесе.
Е, тука веќе доаѓаме до прашањето во каква состојба е самиот мотор...
Тоа само искусен механичар може да ти го каже...
Да сум на твое место, најпрвин би го испитал убаво моторот, дали има компресија, во каква состојба е главата... сето тоа...
После би набавил сет за репарација на оригиналниот карбуратор (мислам дека е Пиербург кај Голф), и би го монтирал на колата, и истовремено би наштелувал вентилите, палењето наместо платинско би вградил електронско, би сменил палец и разводна капа, нови кабли... и мислам дека и самиот ќе се изненадиш од резултатите.
Ако и така не си задоволен, стави некој убав двогрлен Вебер или Делорто.
Ако пак и тоа не ти прави ќеиф, набави посилен мотор.
Секако, твоја кола, твои пари, и, ќе си правиш што сакаш, но овие сите луѓе тука што ти кажуваат не е џабе.
Од мене се најубаво, и да си направиш кола каква што си сакаш