Како да исчистам мрсни дамки од колата? :O Абе ми беше под балкони, пред зграда паркирана и не знам од кој стан имаа истурено нешто, ама се распрснало на сите страни како дожд на колата. Е сега тоа со прашина си се измешало и засушило и сега не излегува. Има и на стаклата исто. Бев на перална, проба демек со некое средство, шишето беше од авакс, ама можда имаше нешто друго внатре и не излезе. Не верувам и дека тоа којзнае какво средство е. Зедов алкохол од аптека, на еден дел пробам неколку дамки да исчистам ама не сака, бара многу триење, ми е страв да не останат траги од крпата после па. Имам на располагање индустриски одмастувачи, башка кисел и башка алкален, во големи туби. Дали може со некое од нив да пробам, разреден секако, пошто пишува на етикетата, корозивно за метали! Ми е страв па од тоа да не стане нешто полошо. Друга варијанта е дома што имаме едно средство баш пишува degreaser, иначе Onyx е марката и пишува дека може да се користи за перење на автомобилски мотори. Инаку колата е последната сликичка во потписот, црн голф 4, не е нешто сјајна бојата и површината има гребаници и swirls така да не е нешто којзнае што гланц нова кола па да ја пазиме и мазиме, битно ми е да ги тргнам дамкиве некако.