Пред крајот на минатото лето - не прашувајте како: многу глупа ситуација - го искршив поткрилото напред десно. Бидејќи морав итно да патувам за Кавала, земав набрзинка го извад... откорнав целото и тргнав на пат - се плашев дека спонтано ќе се дораспадне дур возам на аутопут, па си мислев подобро ја веднаш да го извадам и да возам така отколку да се распаѓа при стодватриес на саат.
Нејсе, неодговорна будала каков што сум, работава ај денес ај утре и си остана колата без поткрило цела есен и цела зима, со околу 10.000 км низ селски калуштини вирови и чуда.
Сега моторот е толку уговнет, тоа е чудо едно. Секаде - ама баш секаде - има слој од неколку милиметри исушена кал. Мислам дека не може да биде попрљав отколку што е. Капацитетот за примање кал на енџин компартментот е искористен во целост.
Што да правам?
Дали можам да ујебам нешто доколку просто ја паркирам колата у двор, отворам хауба и удрам едно убаво бањање со умерен млаз (техника палец на цревото)?
На што треба да внимавам?
Како да постапам? Дали, можеби, е најпаметно да ја носам колата кај некој професионалец за таа работа? Ако да - каде?
ЕДИТ Oние ко таписончиња кои ги има насекаде околу моторот кои се као за звучна изолација се тотално, тотално умочени у кал. Дали има шанси да се доведат во ред, или да набавувам нови?