Си купив К2 болд спреј за гуми и стварно е одличен, а денес ми стигна и Wash Self шампонот од Мафра кој уште не сум го пробал, да засени малку времето надвор и ќе се пере колата па ќе видам каков ќе е.
НО колку и да бидам задоволен од шампонот повеќе ништо нема да земам од мафра! Прв пат порачувам од нив но и последен!
ова е од нивната страна за нарачка од Условите за користење:
"Испорака
1. Испораката на сите производи на целата територија на Република Македонија е БЕСПЛАТНА доколку вкупната вредност во кошничката го надминува износот од 500 денари. Доколку вредноста на производите во кошничката изнесува под 500 денари, се пресметува фиксен трошок за испорака во висина од 69 денари."
Порачката т.е. шампонот чини 999денари што значи дека не треба да ми наплатат никакви дополнителни трошоци а тие ми наплаќаат 1120 денари, 120 денари +!
Прашање до членот на форумов #Ma-fra Macedonia. Зошто лажете!?