Пошто се работи за ново возило од 2022 год и едно од 2018 ( релативно ново ) ми требаат насоки првенствено околу тоа што треба да се користи надворешно.
Досега возилото беше носено во перална, но поради преголем мерак и доволно време одлучив тоа задоволство да биде мое. Спремен сум се да обезбедам за сите постапки и третмани.
1, Околу прашањето што поседувам од алат - Вап
2, Хемии / средства - Ништо во моментов, заради тоа што незнам што се ке ми треба.
3, Првенствено и најбитно ми е надворешноста, внатрешен ентериер кожа и останато исто.
4, Околу заштита на лак, дали треба сега да се користи и што да користам би ми било во интерес некој да ме советува и околу тоа.
5, Во врска со вложување на финансии за одржавање на возилото не би штедел ( среден - (висок квалитет )
Пак ке се повторам.
Човек кога незнае, подобро е да праша, одколку да си направи штета која ке го кошта многу ( од незнаење и правилно третирање ), затоа сум спремен да ја прифатам секоја препорака која знам дека ке биде искрена и добронамерна.