Ајван ми е и малку контрадикторен.
Вика, со вапот само ја тркалаш нечистотијата врз лакот и така го гребеш. Добро. Водата не подмачкува, аха ОК.
После вика дека уствари и фазата на предперење со активна пена не помага при тоа. А тука и покрај водата, имаш и пена за подмачкување, за која подоцна вика дека задржува нечистотија во меурчињата во кофата. Штом ја држи во кофата, логично е уште подобро да ја обвива при плакнење.
Е на крај, ринслес перење е најдобро. А уствари, истата работа е, само унапредена технологија и наводно "поефикасна".
Во исто време е многу сувопарен и несигурен - "snow foam PROBLABLY doesn't do much". Значи, не сите активни пени имаат исти својства да дадат добар резултат.
Сувопарен, во смисла дека одма отпиша се друго, освен ринслес хемии. А и кај тие производи, има ефикасни и не толку ефикасни, како кај активната пена. Не значи дека ако е малку застарена метода е веднаш и лоша метода.
А искрено, и прекардашуваат. Според нив, и кога ја гледаш колата, таа се гребе.
Јебем ли га, јас сум болен по колата. Ама, ова веќе оди во апсурд. Апсурд пошто НЕ ПОСТОИ начин да ја заштитиш колата. Колку сакаш мазни ја, не two bucket метод, не не знам какви крпи или blow drying, секако го оштетуваш лакот, само процентот е помал. И на крај, ќе дојде некој сељак / сељанка со фармерките ќе си седне на крило. И чао. Ринслес уаш тука не помага.
Да имам некоја garage queen, ајде, пеки. Ама, вака, за дејли... Нон-сенс е веќе.
Па на крај, тие што форсираат waterless wash...
