Автор Тема: Перење возила  (Прочитано 851765 пати)

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10598
Одг: Перење возила
« Одговори #1665 на: 05 Јули 2018, 10:08:43 am »
Тоа и ми матеше ум, s&s ми делуваше премногу едноставно, прскаш, плакнеш, доволно да се роди скепса.
А од друга страна, ако не е мачкање очи :) е топ за мрзливи :) плус ете, како што рече има подолго дејство,(затоа е поскап) мада не е проблем да го употребам по секое перење.

Уште да ми кажеш за каква заштита(од што, освен прашина) станува збор за детајлерот, што го нема селантот?

 

Отсутен Inter1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2821
Одг: Перење возила
« Одговори #1666 на: 05 Јули 2018, 10:26:48 am »
Не те разбрав баш со последново пишано.
С&С е измислено да е едноставно и ефикасно. Ептен добри ревјуа има. Исто како секој веткоат. Дури можеш и во Гала пералната сам или во која било перална С&С да однесеш, да ти ја исперат колаата и на крај да ги замолис да ти испрскаат со С&С и да исплакнат и тоа е тоа. Имаш заштита до 3 месеци. Ти можеш и секој ден да прскас со С&С ама прво нема потреба, второ е крајно економски неисплатливо :)
БСД исто имаш заштита од прашина, вода, бубачки и тн ваљда помалку од С&С, затоа е поефтино (макар цената не секогаш е показател) и трае до 1 месец или 4/5 перења (ако переш секој ден БСД ќе ти трае една недела). Плус ретко кој користи квик детајлер како основна заштита, не дека не можеш, напротив, само што 99% од луѓево користат БСД како освежување и дополнување на веќе нанесен восок.
Заштитата ти е пред се од атмосферски влијаниа, бубачки и тн и плус сјај ќе имаш на колата. Ако мислиш на заштита од гребење, камчиња што летаат на автопат и тн, тогаш ништо од тоа :)
Среќно со изборот. Што и да земеш нема да погрешиш. Крајно имаш и други фирми по нетов, Мегуиарс, Хемикал Гајс, Мафра/Лабокосметика и тн ... разгледај па земи што мислиш дека ти одговара. Поздрав

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10598
Одг: Перење возила
« Одговори #1667 на: 05 Јули 2018, 10:42:30 am »
Што е разлика измеѓу sonax spray&seal и sonax brilliant shine detailer, освен во начинот на нанесување?
Второ с&с е сеалант, само што се нанесува со прскање и вода, а БСД е Квик детаилер, што значи дека има и *мала моќ*на чистење на мала прашина или отпечатоци од прсти и тн.
Ако си сакал да кажеш *помала моќ* , сега ми е појасно :)

Ајде твоја препорака за бренд со исти карактеристики како s&s, да не испадне дека сум се фатил ко слеп за стап со сонаксот :)

Пред некој месец почнав дома да перам(2 коли), со качувањето на цените, ми го надминаа психолошкиот праг што сум спремен да дадам за перење :)

Отсутен Inter1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2821
Одг: Перење возила
« Одговори #1668 на: 05 Јули 2018, 10:54:30 am »
мала моќ на чистење - cleaner for light dust and fingerprints etc. Се надевам сега се разбравме за квик детајлерот.
Незнам дали постои друго слично како С&С (полимерен сеалант што така се нанесува).
На мафра македонија сајтот има Гиеон веткоат и Лабокосметика Бенефициа (тие се исто такви со прскање и перење ама се СиО2 based, за разлика од Сонакс што е полимер based) што значи слично ама сепак различно.
Прати им маил, побарај ги на телефон, па одлучи што ти одговара.
Не би можел да ти препорачам ништо зашто нити работам со тоа нити пак продавам такви работи, крајно да не им се мешам во работата на луѓе што тоа им е работа, т.е. на луѓе што треба тие да ти препорачаат тебе :) порано препорачував работи, сега сум неутрал како Switzerland, се додека некој не ме спонзорира па да рекламирам нивни производи :))))
Ти дадов доволно детални информации, сега останатото е на тебе од желба, буџет и потреба. Поздрав
п.с. на толку многу пишано инфо, треба да частиш нешто :) 

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10598
Одг: Перење возила
« Одговори #1669 на: 05 Јули 2018, 11:43:21 am »
Нема проблем, налетав на некои твои постови за перење и почитувам поискусни, и поубаво ќе се разберевме :) уз пијалок, мезенце... само не во диско ;D

Отсутен Inter1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2821
Одг: Перење возила
« Одговори #1670 на: 05 Јули 2018, 11:47:45 am »
Добро ти текна. Прелистај ја темава, се е објаснето страници наназад :) а ако нема нешто во оваа тема, се е објаснето во темата восоцирање
Во диско, ЕУ И Нато никако, ама на друго место може цастење :)
п.с. ако одбереш нешто, пиши или стави некоја слика да видиме што како :)

Отсутен dzanfranko

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 10
Одг: Перење возила
« Одговори #1671 на: 05 Јули 2018, 12:45:39 pm »
Ја пробав во саботата, пред официјално да отвори. Дечките беа фини и услужливи, ме почастија перење иако келепур денот беше закажан за понеделник, а и фин муабет си свртевме. Со еден жетон (90 секунди) шампон+топла вода успеав да ја поминам цела кола, ама шо дека кога ефективно ништо не испра, таа ситната прљавштина напрскана од страните не се помрдна. Не гледам како било кој тачлес метод на перење би можел тоа да го тргне, ма да од друга страна не ни имам искуство со перални од ваков тип, така да слободно експертите помеѓу вас нека ми укажат на грешката.
Пералнава е добра ако имаш нафрлено калишта по кола или ако вчера си ја испрал асално, а денес ти заросило и ти ја покакало колата. Јебига, спремен бев да ме импресионира, ама ништо од тоа.

Истото ми се деси и мене. Ако ја има најдено некој цаката или процедурата за солидно да се испере кола у пералнава нека сподели...  :)

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10598
Одг: Перење возила
« Одговори #1672 на: 05 Јули 2018, 15:38:13 pm »
Еве за што се одлучив:

Концентрат за ветробран, патем го користам повеќе од 15 години, проверена работа.

Средство за ентериер, наводно за мат површини, барем убаво мириса.

Spray+seal, за кој што имав дилеми, но со помош на форумов полесно се одлучив.

Шампон веќе имав купено, исто сонакс најобичниот, можеби има подобар, но брка работа и овој. Не сум фанатик

Sent from my 6045Y using Tapatalk


Отсутен Inter1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2821
Одг: Перење возила
« Одговори #1673 на: 05 Јули 2018, 15:45:18 pm »
Микиус сега си најголема фаца на форумов, пошо си едини што до сега го има С&С :)

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10598
Одг: Перење возила
« Одговори #1674 на: 05 Јули 2018, 15:51:40 pm »
Па ајде на пијачка со најголемата фаца :)

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44964
  • Il Moderatore
Одг: Перење возила
« Одговори #1675 на: 05 Јули 2018, 15:53:22 pm »
Во карбокс појма немаат дечките. Пред неколку месеци јас на продавачот му објаснував што купувам и за што ќе ми служи место тие мене  да ми објаснат и да ми продадат производ :)) срцки.

Да се разбираа, детаљери ќе беа, не продавачи ;D
Alfa Romeo 159TBi
Alfa Romeo 166 2.5 V6 24v
VW e-up!

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Inter1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2821
Одг: Перење возила
« Одговори #1676 на: 05 Јули 2018, 15:59:10 pm »
Во карбокс појма немаат дечките. Пред неколку месеци јас на продавачот му објаснував што купувам и за што ќе ми служи место тие мене  да ми објаснат и да ми продадат производ :)) срцки.

Да се разбираа, детаљери ќе беа, не продавачи ;D
Детајлери ќе беа да работеа тоа, полирање, чистење и тн. Овие продаваат средства за кои не ни знаат дека ги имаат во продавница :)) јбг и тоа ми се случи лани. Пред тоа еден тип таму газда ли е, син на газдада ли е појма неам ми кажуваше на женски како се пуштал или нешто такво, ме удави и на крај ме праша дали сум знаел зошто неговиот вап не правел толку притисок и се си мислел дека е нечист/затнат од нешто ама не знаел со што средство да го исчисти :) true story :D

Отсутен Roci

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3907
Одг: Перење возила
« Одговори #1677 на: 07 Јули 2018, 01:41:03 am »
Epa nas od toa ne ne biva, oti poveketo ne si ja znaat rabotata, nitu pak imaat interes i zelba za toa sto go rabotat  ;D

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10598
Одг: Перење возила
« Одговори #1678 на: 07 Јули 2018, 12:48:11 pm »
Испробани средствата :)

S&S, потврдувам дека употребата е баш како на видеата.
Хидрофобичноста беше 100% изгубена, сега е како нова од салон.
Останува да се видат останатите ефекти и долготрајноста.
Средството за ентериер, исто така ја заврши одлично работата. По неколку месеци домашно перење без средства(само шампон и "Чисто" за стакло), резултатот е извонреден.
Заборавив да сликам, бев во трка со сонцето :)

Отсутен Inter1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2821
Одг: Перење возила
« Одговори #1679 на: 07 Јули 2018, 15:20:17 pm »
Sega kupi quick detailer i obnovi go sealantot 😁