Во Прилеп има таква перална на 2 места по 2 бокса. Еднаш имам перено, но воопшто не бев задоволен. Многу е кратко времето (6 мин вкупно мислам дека беа) за да ја испериш колата, започнуваш директно со пена, па има пауза 30 сек и после шмркот 4 мин. Башка некогаш повеќе прска пена, некогаш помалку, цревото од шмркот се случува да прска од сите страни, со самото тоа помал притисок. Кога ја пребришував со еленската, црна се направи од што не беше добро испрана колата, а со самото тоа се греби и лакот. Цената е 70 денари за перење надвор, 30 ден за правосмукалка, но јас повеќе не би перел.