Јас обожавам сама да си го перам Лансерот ... бидејќи на крај кога ќе го изгланцам до најситен детал и ќе го светнам, разликата е огромна помеѓу домашното перење и перењето во автоперална.
Мојот процес на перење оди вака:
Прво никогаш не го перам директно на сонце, бидејќи премногу брзо се суши шампонот и водата на самиот автомобил, и веднаш се прават флеки кои што тешко се отстрануваат дури и со еленска кожа.
Значи ако има сонце, обавезно го перам под сенка.
А најчесто чекам да зајде сонцето, или пола саат - саат пред заоѓање, кога е послабо сонцето, тогаш почнувам со перењето.
Бидејќи немам вапче, пуштам најјак млаз од цревото и со прстот правам јак притисок на водата, и почнувајќи од кровот, па хаубата и гепекот, и на крај вратите.
Кај вратите најдоле, најмногу се задржувам, за да испадне калта доколку од поодамна не е перен (2 недели).
Потоа следува шампонирањето.
Користам шампон со восок и полир ефект од Ma-Fra - Polish Express, шампонот е фантастичен, огромна препорака.
Шампонот се раствара во вода, во сооднос од 10 - 20 ... јас лично го растварам во сооднос 20, односно 100 мл. Polish Express растварам во 2 л. вода, таа количина од 2 л. вода е таман колку што ми е потребно ... првиот пат пробав со 1 л. вода (така прочитав тука на форумов, некој користеше 1 л.) али тоа беше премала количина на вода.
Прво со сунгерот што е наменет за горните делови на автомобилот, ја поминувам хаубата, шофершајбната, кровот, спојлерот, задното стакло, гепекот, горниот дел на вратите, и на крај исто задниот браник до пола (горниот дел).
Потоа со цревото со мал млаз и сунгерот, ги поминувам тие делови кај што сум исшампонирала, бидејќи брзо се суши и лепи шампонот, и морам вака пола кола да ја исперам.
Потоа со сунгерот што е наменет за долните делови, го поминувам предниот браник, долниот дел од вратите, и долниот дел од задниот браник.
Потоа исто се повторува постапката на миењето со водата и сунгерот.
И на крај, кога ќе се заврши со перењето, веднаш се пребришува цела кола со Sonax еленска кожа.
Мора веднаш да се пребрише целата кола со еленска кожа, бидејќи кога ќе се исуши водата, се прават еден куп ситни флеки од исушените капки, и целата кола е како исшарана.
Со еден збор, џабе перењето, ако не ја пројдеш со еленска кожа.
Сето ова задоволство трае околу 2 часа