Автор Тема: Совет за возило.  (Прочитано 8222 пати)

Отсутен Vamos

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 7
Совет за возило.
« на: 08 Мај 2014, 21:44:53 pm »
Здраво дечки имам во план да се подновам со ново возило до 8.500 евра.
Барам нешто со full опрема, кожа/превртена кожа, автоматик она ова било каква кола понова од 2003 год, бензин дизел не е важно.

Е сега имам понуда за BMW 320D Automatic со кожа ми го нуди сервис џеповски за 5.500 еур (ми рече само дека гуми треба да се сменат) негово возило било тоа и му е сменет моторот, нов мотор има моментално и има само еден клуч возилото. Е сега незнам дали ова да го земам или да барам други.

Исто така совет ми треба ако би барал други од каде да барам возило со целосна опрема до 8.500. Сакам од Италија да си земам но незнам каде да гледам и кого да контактирам некое возило да ми донесе.

Тип на возило да е во класата на 3 серија BMW. Значи 3 серија BMW, Audi A4 и тоа, големи коли нејќам а мали хечбек па ич.

Совет ако може

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55106
  • Махер
Одг: Совет за возило.
« Одговори #1 на: 08 Мај 2014, 21:47:50 pm »
Возило со еден клуч е пипава работа.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7173
Одг: Совет за возило.
« Одговори #2 на: 08 Мај 2014, 21:50:01 pm »
Лимузина, хечбек ....преференции кон одреден бренд? Коњажа? Тврда вожња, мека ...?

Отсутен Vamos

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 7
Одг: Совет за возило.
« Одговори #3 на: 08 Мај 2014, 21:52:25 pm »
Лимузина, хечбек ....преференции кон одреден бренд? Коњажа? Тврда вожња, мека ...?

Тип на возило да е во класата на 3 серија BMW. Значи 3 серија BMW, Audi A4 и тоа, големи коли нејќам а мали хечбек па ич.
Коњажа да не е над 180, вожњата било каква не ми значи тоа многу.

Отсутен Vlatce-Vectra

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5915
Одг: Совет за возило.
« Одговори #4 на: 08 Мај 2014, 22:07:10 pm »
izvolte vozilovo e na clen od forumov se prodava poradi stambeni pricini a za cena dogovor na lice mesto so gazdata..nema maana kolava

http://www.reklama5.mk/AdDetails/Index?ad=1250270


Отсутен Volvo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 355
Одг: Совет за возило.
« Одговори #5 на: 08 Мај 2014, 23:11:45 pm »
http://www.subito.it/auto/bmw-serie-3-coupe-m-pack-navig-2004-torino-90141730.htm

Нешто вакво ако бараш. Инаку мене ми имаат кажано кола со еден клуч да не купувам.

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: Совет за возило.
« Одговори #6 на: 08 Мај 2014, 23:56:52 pm »
а што праиме со коливе од италија со "5 клуча" ? демек најдобри се ?

мој совет,кола исклучиво од германија и околина,подалеку од италија


Отсутен Filip_90

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1839
  • VW Golf 5 1.9 TDI
Одг: Совет за возило.
« Одговори #7 на: 09 Мај 2014, 00:30:07 am »


Нешто вакво ако бараш. Инаку мене ми имаат кажано кола со еден клуч да не купувам.
Зашто? Јас со еден клуч ја купив па не гледам последици од тоа...
А откако видов како возат во Рим незнам дали би купил кола од таму :D

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20212
Одг: Совет за возило.
« Одговори #8 на: 09 Мај 2014, 01:05:47 am »
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,13797.0.html
еве и од мене предлог :)

Отсутен Kikac

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2735
  • Шалабајзер
Одг: Совет за возило.
« Одговори #9 на: 09 Мај 2014, 01:12:12 am »
Ова DarthJe5us што го оставил ми фаќа окце, топ возилце, контактирај го газдата, пробај си го, немаш што да изгубиш, и без брзање, пробај и други, мој совет
No turbo, no fun :)

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20212
Одг: Совет за возило.
« Одговори #10 на: 09 Мај 2014, 01:18:36 am »
Мислам дека 6000 му е последна. :) Се разбира има и поубави 3ки. :)

Отсутен Volvo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 355
Одг: Совет за возило.
« Одговори #11 на: 09 Мај 2014, 13:02:32 pm »
а што праиме со коливе од италија со "5 клуча" ? демек најдобри се ?

мој совет,кола исклучиво од германија и околина,подалеку од италија



Не дека се најдобри, нема држава во која половните коли се најдобри. Во секоја има добри и лоши. А тоа дека од Германија се најдобри е смешно веќе.  Ако веќе се разбираш кај се најдобри ќе знаеш дека каросериски во Германија се полоши од Италија, поради значително поголемата количина на сол што ја фрлаат во зимните периоди. Инаку два клуча се гаранција дека утре полиција нема да ти дојде на врата. Ова јас не го измислувам ми го има кажано шеф на БМВ салон, кој менаџира со повеќе салони и плацеви во Европа. Конретно овој автомобил е од приватно лице, не е од трговец, така да не знам што не е во ред со него.

Отсутен Volvo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 355
Одг: Совет за возило.
« Одговори #12 на: 09 Мај 2014, 13:05:56 pm »


Нешто вакво ако бараш. Инаку мене ми имаат кажано кола со еден клуч да не купувам.
Зашто? Јас со еден клуч ја купив па не гледам последици од тоа...
А откако видов како возат во Рим незнам дали би купил кола од таму :D

Убаво што немаш проблеми, ама веќе ако сите поголеми препродавачи го нагласуваат тоа мислам дека мора да постои причина за тоа. Квлитетот на колите во Рим и северот на Италија не е исти. Оваа е од Торино. А во Рим се вози како и во секој голем град. Ако по тоа одбираш кола, запрашај се дали би купил и од Скопје.

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Совет за возило.
« Одговори #13 на: 09 Мај 2014, 14:34:14 pm »
Итаљаните се многу гнасна нација во поглед на одржавање на возила... Страшно е дури, колите ги перат 2-3 пати во годината, кој не верува нека се прошета малку понадвор од центарот на градовите каде што сте шетале.

Отсутен Volvo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 355
Одг: Совет за возило.
« Одговори #14 на: 09 Мај 2014, 15:35:44 pm »
Јас никако не би се сложил со ова. Пред недела време се вратив од Италија баш во период на дождови таму. И инако недела време и повеќе дождот не престана, на местата коишто се поставени за сам да си ја переш колата или на автоматизираните перални на двапати чекав ред минимум по 20 мин. А такви места има навистина доста. Не сум никаков трговец со нивни коли, ама тврдењето дека ги перат 2-3 пати годишно е повеќе од смешно. Па, тогаш секоја со кал треба да е покриена.
Она тврдење дека лошо се одржувани, тоа до некаде може да држи вода, но не по вина на сопствениците туку поради вина на сервисерите (навистина овластените сервиси се ужас). Ќе платиш 500 евра сервис за ништо. Ама и тоа се решава, ќе си најдеш локален сервисер ( со опрема и знаење да се разбереме) и за помалку пари пред тебе ќе ти направи сервис.
Стварно не знам овие приказни од кај ви излегоа али малку претерани. Тие се излегуваат недотерани на кафе, а нели пак колата целата со кал да им биде.