На DW (Дојче Веле) телевизија гледав епизода од едно автомобилско шоу. Правеа истражување за тоа колку од колите во Германија се со вратена километража. Одговор - секоја трета кола. Исто напоменаа дека половните коли од Белгија, каде што има закон со кој се забранува, и воедно и се запишува километража во технички, секоја година, вредат највеќе зошто на технички се чува цела историја на самото возило.
Така да, тоа „германска кола, еден газда, оригинал километража“ со резерва земајте си го.