Од прилика купопродажен, царинска декларација, тиф, хомологација, странската сообраќајна. Може да заборавив нешто, нека ме дополнат другите.
Процедура:
Прво одиш на технички, таму ке ти објаснат што се треба да се плати и ке ти дадат уплатници, па после уверението од технички и останатата документација ги носиш во полиција. Ако имаш некој близок таму можеш одма да завршиш работа, ако не ке почекаш да ти се јават за ден-два. Откако ке те побараат, ке си ги земеш документите од полиција и ќе те пратат повторно на технички за да си земеш таблици.
Од документација ти останува уште да си извадиш осигурување. За да не губиш време, самите вработени на технички ке ти понудат осигурување, твое е само да си избереш осигурителна компанија.
Со сите документи одиш во полиција ( обично е канцеларија во склоп на техничкиот ) службеникот ке ти даде таблици, ќе ти испечати сообраќајна и со здравје да си ја возиш колата.