Автор Тема: Купување на увезен автомобил?  (Прочитано 162649 пати)

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6001
Одг: Купување на увезен автомобил?
« Одговори #345 на: 26 Декември 2020, 19:37:18 pm »
Само кој ќе ги купува...

Sent from my VTR-L09 using Tapatalk

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3959
Одг: Купување на увезен автомобил?
« Одговори #346 на: 26 Декември 2020, 20:00:20 pm »
Па мало ќе биде покачувањето. Ова е само на ЦО2 данокот. Значи 100-300 евра, али тоа е. А растрчани се заради друга работа која што и мене не ми е јасна.
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6001
Одг: Купување на увезен автомобил?
« Одговори #347 на: 26 Декември 2020, 20:06:25 pm »
Може само бугарски коли купуваат по МК.

Sent from my VTR-L09 using Tapatalk

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2614
Одг: Купување на увезен автомобил?
« Одговори #348 на: 27 Декември 2020, 16:16:14 pm »

- од 01.01 до 31.12.2022 износите ќе бидат зголемени 50%

Тоа значи дека ако годинава не платите 468 EUR за возило со бензиски мотор, во 2021 за истиот ќе платите 585 EUR или во 2022 ќе платите 702 EUR.

Саше, кај болдираното (и корегирано од мене) мислеше на 2022 ?
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6433
Одг: Купување на увезен автомобил?
« Одговори #349 на: 26 Февруари 2021, 21:34:12 pm »
Има ли некој од скоро купено кола со средени документи "до регистрација" да ми ја објасни постапката како оди?

Конкретно, ме интересира кои документи се потребни да ми ги обезбеди продавачот, дали и кога се врши таа некоја проверка во/од Интерпол и колку време се чека за тој документ од Интерпол?

Отсутен UrSa1986

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1506
Одг: Купување на увезен автомобил?
« Одговори #350 на: 26 Февруари 2021, 23:12:09 pm »
Има ли некој од скоро купено кола со средени документи "до регистрација" да ми ја објасни постапката како оди?

Конкретно, ме интересира кои документи се потребни да ми ги обезбеди продавачот, дали и кога се врши таа некоја проверка во/од Интерпол и колку време се чека за тој документ од Интерпол?

И мене истово ме интересира, ако имаш нешто инфо пиши. Средени документи до регистрација значи дека се ти е поминато, ти само на технички треба да одиш.
Интерпол и царина и хомологација треба претходно да е завршено.

Отсутен andrej_111

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 608
Одг: Купување на увезен автомобил?
« Одговори #351 на: 26 Февруари 2021, 23:59:12 pm »
Има ли некој од скоро купено кола со средени документи "до регистрација" да ми ја објасни постапката како оди?

Конкретно, ме интересира кои документи се потребни да ми ги обезбеди продавачот, дали и кога се врши таа некоја проверка во/од Интерпол и колку време се чека за тој документ од Интерпол?

Јас купив кола со средени документи "до регистрација" во октомври месец, не верувам да е сменето нешто од тогаш.

Продавачот ми даде одјавена швајцарска сообраќајна, фактура (или купопродажен договор не знам точно) меѓу продавачот во Швајцарија и него и истите документи преведени на македонски кај овластен преведувач. Дополнително на тоа, добив и царинска декларација и хомологација за возилото.

Со сите документи отидовме на нотар, направија договор меѓу продавачот и мене и тука заврши контактот со продавачот.

Со комплетните документи отидов на технички, таму ја поминаа колата на технички преглед, ми ги наплатија сите трошоци и документите ги однесов во МВР (во Струмица полицаецот е во објектите за технички преглед). Добив информација дека ќе почекаме да помине колата во Интерпол, ми се јави полицаецот после 3-4 дена, му однесов АО извадено на тој ден, си земав табли и сообраќајна и заврши целата процедура.
Aus Liebe Zum Automobil...

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10312
Одг: Купување на увезен автомобил?
« Одговори #352 на: 27 Февруари 2021, 00:35:57 am »
Како ја однесе колата до технички преглед и назад до дома?

Отсутен Vwlover

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 604
Одг: Купување на увезен автомобил?
« Одговори #353 на: 27 Февруари 2021, 01:06:29 am »
Како ја однесе колата до технички преглед и назад до дома?
Со пробни најверојатно

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6433
Одг: Купување на увезен автомобил?
« Одговори #354 на: 27 Февруари 2021, 05:24:30 am »
Има ли некој од скоро купено кола со средени документи "до регистрација" да ми ја објасни постапката како оди?

Конкретно, ме интересира кои документи се потребни да ми ги обезбеди продавачот, дали и кога се врши таа некоја проверка во/од Интерпол и колку време се чека за тој документ од Интерпол?

Јас купив кола со средени документи "до регистрација" во октомври месец, не верувам да е сменето нешто од тогаш.

Продавачот ми даде одјавена швајцарска сообраќајна, фактура (или купопродажен договор не знам точно) меѓу продавачот во Швајцарија и него и истите документи преведени на македонски кај овластен преведувач. Дополнително на тоа, добив и царинска декларација и хомологација за возилото.

Со сите документи отидовме на нотар, направија договор меѓу продавачот и мене и тука заврши контактот со продавачот.

Со комплетните документи отидов на технички, таму ја поминаа колата на технички преглед, ми ги наплатија сите трошоци и документите ги однесов во МВР (во Струмица полицаецот е во објектите за технички преглед). Добив информација дека ќе почекаме да помине колата во Интерпол, ми се јави полицаецот после 3-4 дена, му однесов АО извадено на тој ден, си земав табли и сообраќајна и заврши целата процедура.

Благодарам на исцрпниот одговор.

Добро е, 3-4 дена не е страшно. Јас мислев да не ме ебаваат со недели.

Има ли некој од скоро купено кола со средени документи "до регистрација" да ми ја објасни постапката како оди?

Конкретно, ме интересира кои документи се потребни да ми ги обезбеди продавачот, дали и кога се врши таа некоја проверка во/од Интерпол и колку време се чека за тој документ од Интерпол?

И мене истово ме интересира, ако имаш нешто инфо пиши. Средени документи до регистрација значи дека се ти е поминато, ти само на технички треба да одиш.
Интерпол и царина и хомологација треба претходно да е завршено.

Се крчка. Би ја опишал детално постапката, откако би ја завршил.

Како ја однесе колата до технички преглед и назад до дома?

Пробни. 7 дена важат.

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3959
Одг: Купување на увезен автомобил?
« Одговори #355 на: 27 Февруари 2021, 08:11:24 am »
Јас имав искуство со внесување на кола пред 10-ина дена. Мене лично ми ја донесоа колата со камион од Германија преку Бугарија, така да ќе ја опишам таа постапка.

1. Колата стаса со камионот на царина и на цариникот му ја дадов фактурата од купување на возилото(само бугарската), SWIFТ Потврдата, Еуро 1 документот и фактурата за превоз од превозникот. Тука ми ги средија документите за царина, си платив царина и ЦО2 данок и возилото си го однесов во гаража дома.

2. Фактурата за купопродажба на возилото од Германија кон бугарија, двете сообраќајни германски(големата и малата) и Бугарската фактура (кон мене) и договорот со бугарската фирма ги однесов на официјален судски преведувач.

3. Ја однесов колата во станица за технички преглед каде и правеа Хомологација врз основа на COC документот. Ако се прави со СОС документ хомологацијата е околу 3000 денари, инаку е 6000. Истиот ден бев вечерта си ја земав хомологацијата и со тоа беа средени документите за регистрација. Всушност со ова се завршува постапката за документи.

4. Колата ја однесов на техники преглед каде го помина секако и одкако ми подготвија документи од техничкиот преглед, тие документи заедно со преведените фактури (германската и бугарската), двете сообраќајни, договорот за продажба и хомологацијата ги дадов на преглед кај овластеното лице на МВР во станицата за технички преглед за да ги препрати во нивните служби како би добиле потврда од Интерпол. Ми рекоа за неколку часа да отидам да си  ја земам потврдата таблицата и сообраќајната и така и беше. Отидов по 3 часа, ми дадоа таблици и сообраќајна и тоа беше тоа.

Кај мене колата стаса во среда сабајле на царински терминал а во петок поручек(15 часот) веќе имав таблици на неа, али тоа е зошто јас сам се акав до Скопје да ја земам Хомологацијата.

П.С. Колата од царина до дома и потоа до технички ја возев без ништо зошто на 600м живеам од институцииве.
« Последно менување: 27 Февруари 2021, 08:28:18 am Sase_91 »
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен andrej_111

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 608
Одг: Купување на увезен автомобил?
« Одговори #356 на: 27 Февруари 2021, 09:13:49 am »
Како ја однесе колата до технички преглед и назад до дома?

Техничкиот ми е на 10 метра од сервисот, а секако колата веќе беше тука донесена за проверка. Е сега, до сервисот секако дека ја донесов на црно :)

@Diesel во нашата убава држава воопшто не биди сигурен дека ќе завршиш за 3-4 дена како јас што стигнав, кога го префрлував Голфот 1 чекав речиси месец ипол затоа што цела Струмица немаше таблици. Истото се случи и пред месец дена, неколку нови возила кои ги продадов тука чекаа по 2 недели да стигнат таблици :)

Никогаш не можеш да си сигурен што ќе те изненади :)
Aus Liebe Zum Automobil...

Отсутен stavrov

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 517
Одг: Купување на увезен автомобил?
« Одговори #357 на: 27 Февруари 2021, 10:32:46 am »
Јас имав искуство со внесување на кола пред 10-ина дена. Мене лично ми ја донесоа колата со камион од Германија преку Бугарија, така да ќе ја опишам таа постапка.

1. Колата стаса со камионот на царина и на цариникот му ја дадов фактурата од купување на возилото(само бугарската), SWIFТ Потврдата, Еуро 1 документот и фактурата за превоз од превозникот. Тука ми ги средија документите за царина, си платив царина и ЦО2 данок и возилото си го однесов во гаража дома.

2. Фактурата за купопродажба на возилото од Германија кон бугарија, двете сообраќајни германски(големата и малата) и Бугарската фактура (кон мене) и договорот со бугарската фирма ги однесов на официјален судски преведувач.

3. Ја однесов колата во станица за технички преглед каде и правеа Хомологација врз основа на COC документот. Ако се прави со СОС документ хомологацијата е околу 3000 денари, инаку е 6000. Истиот ден бев вечерта си ја земав хомологацијата и со тоа беа средени документите за регистрација. Всушност со ова се завршува постапката за документи.

4. Колата ја однесов на техники преглед каде го помина секако и одкако ми подготвија документи од техничкиот преглед, тие документи заедно со преведените фактури (германската и бугарската), двете сообраќајни, договорот за продажба и хомологацијата ги дадов на преглед кај овластеното лице на МВР во станицата за технички преглед за да ги препрати во нивните служби како би добиле потврда од Интерпол. Ми рекоа за неколку часа да отидам да си  ја земам потврдата таблицата и сообраќајната и така и беше. Отидов по 3 часа, ми дадоа таблици и сообраќајна и тоа беше тоа.

Кај мене колата стаса во среда сабајле на царински терминал а во петок поручек(15 часот) веќе имав таблици на неа, али тоа е зошто јас сам се акав до Скопје да ја земам Хомологацијата.

П.С. Колата од царина до дома и потоа до технички ја возев без ништо зошто на 600м живеам од институцииве.
Каде и како извади еуро1?

Sent from my SM-N975F using Tapatalk

Отсутен Bauer

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1223
Одг: Купување на увезен автомобил?
« Одговори #358 на: 27 Февруари 2021, 11:04:57 am »
Двајцата мислите на ЕУР 1 докумрнт, не Еуро 1

Sent from my SM-G973F using Tapatalk

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3959
Одг: Купување на увезен автомобил?
« Одговори #359 на: 27 Февруари 2021, 11:34:49 am »
Јас имав искуство со внесување на кола пред 10-ина дена. Мене лично ми ја донесоа колата со камион од Германија преку Бугарија, така да ќе ја опишам таа постапка.

1. Колата стаса со камионот на царина и на цариникот му ја дадов фактурата од купување на возилото(само бугарската), SWIFТ Потврдата, Еуро 1 документот и фактурата за превоз од превозникот. Тука ми ги средија документите за царина, си платив царина и ЦО2 данок и возилото си го однесов во гаража дома.

2. Фактурата за купопродажба на возилото од Германија кон бугарија, двете сообраќајни германски(големата и малата) и Бугарската фактура (кон мене) и договорот со бугарската фирма ги однесов на официјален судски преведувач.

3. Ја однесов колата во станица за технички преглед каде и правеа Хомологација врз основа на COC документот. Ако се прави со СОС документ хомологацијата е околу 3000 денари, инаку е 6000. Истиот ден бев вечерта си ја земав хомологацијата и со тоа беа средени документите за регистрација. Всушност со ова се завршува постапката за документи.

4. Колата ја однесов на техники преглед каде го помина секако и одкако ми подготвија документи од техничкиот преглед, тие документи заедно со преведените фактури (германската и бугарската), двете сообраќајни, договорот за продажба и хомологацијата ги дадов на преглед кај овластеното лице на МВР во станицата за технички преглед за да ги препрати во нивните служби како би добиле потврда од Интерпол. Ми рекоа за неколку часа да отидам да си  ја земам потврдата таблицата и сообраќајната и така и беше. Отидов по 3 часа, ми дадоа таблици и сообраќајна и тоа беше тоа.

Кај мене колата стаса во среда сабајле на царински терминал а во петок поручек(15 часот) веќе имав таблици на неа, али тоа е зошто јас сам се акав до Скопје да ја земам Хомологацијата.

П.С. Колата од царина до дома и потоа до технички ја возев без ништо зошто на 600м живеам од институцииве.
Каде и како извади еуро1?

Sent from my SM-N975F using Tapatalk

Како што пишв, колата ја купив преку бугарска фирма и Еуро 1 документ ми дадоа во Бугарија. Само заради тоа и ја купував преку Бугарија. Постојат фирми само за тоа, кој ти ја купуваат колата од Германија и ти прават ре експорт преку Бугарија за да можеш да ја цариниш со Еуро 1. Германците не сакаат да се замараат со тоа, па мора така. Кај мене беше многу голема разликата во царината со и без тој документ па затоа и гледав да го извадам.
« Последно менување: 27 Февруари 2021, 15:00:26 pm Sase_91 »