Јас имав искуство со внесување на кола пред 10-ина дена. Мене лично ми ја донесоа колата со камион од Германија преку Бугарија, така да ќе ја опишам таа постапка.
1. Колата стаса со камионот на царина и на цариникот му ја дадов фактурата од купување на возилото(само бугарската), SWIFТ Потврдата, Еуро 1 документот и фактурата за превоз од превозникот. Тука ми ги средија документите за царина, си платив царина и ЦО2 данок и возилото си го однесов во гаража дома.
2. Фактурата за купопродажба на возилото од Германија кон бугарија, двете сообраќајни германски(големата и малата) и Бугарската фактура (кон мене) и договорот со бугарската фирма ги однесов на официјален судски преведувач.
3. Ја однесов колата во станица за технички преглед каде и правеа Хомологација врз основа на COC документот. Ако се прави со СОС документ хомологацијата е околу 3000 денари, инаку е 6000. Истиот ден бев вечерта си ја земав хомологацијата и со тоа беа средени документите за регистрација. Всушност со ова се завршува постапката за документи.
4. Колата ја однесов на техники преглед каде го помина секако и одкако ми подготвија документи од техничкиот преглед, тие документи заедно со преведените фактури (германската и бугарската), двете сообраќајни, договорот за продажба и хомологацијата ги дадов на преглед кај овластеното лице на МВР во станицата за технички преглед за да ги препрати во нивните служби како би добиле потврда од Интерпол. Ми рекоа за неколку часа да отидам да си ја земам потврдата таблицата и сообраќајната и така и беше. Отидов по 3 часа, ми дадоа таблици и сообраќајна и тоа беше тоа.
Кај мене колата стаса во среда сабајле на царински терминал а во петок поручек(15 часот) веќе имав таблици на неа, али тоа е зошто јас сам се акав до Скопје да ја земам Хомологацијата.
П.С. Колата од царина до дома и потоа до технички ја возев без ништо зошто на 600м живеам од институцииве.