До сега лично за мене не сум увезол кола од странство. Меѓутоа сум прошетал по големи салони за половни автомобили во Германија и имам доста што да кажам. Сум бил во плацови чии продавници и автомобили се продаваат за топ цени со 20% ВАТС на мобиле и практично имаат скоро се за 15.000 евра. Во најголем дел од плацовите не ми давале тест на возило освен ако не се одлучам да го купам од проста причина што самите возила немаат акумулатор во нив, го добиваш ако ја купиш. Друга работа е што возилата кои Германците нас ни ги продаваат се возила кои поминале одредена километража таму, имале одреден дефект или пак поради гасовната емисија не можат више да се возат. Голем дел од увезените возила по салоните се земени со каросериски грешки и истите се поправани на автолакер. Така да лаик може лесно да купи китиран голф. Иначе сум увезол кола за пријатели која што е во сопственост од лизинг компанија која на аукција ги става сите вратени возила. Нема грешка и нема лага. Само за да учевствуваш мора да имаш фирма во швајцарија или да си вработен во лизинг компанијата.