Мене ми беше многу страв што ќе купам и како ќе се погоди, Либра ми донесоа Пијаџо увозниците од скопјето да ја проверам и Неготино, хаос беше колата, ми бараа 3800е, му дадов 3500 не ја даваа, после ми звонеа газдата му рекол да ми ја дадат ама не сакав да ја земам.
Мојата Либра ја купив ќе ви кажам како мада сите ќе речете дека сум ЛУД!
Оглас видов ми беше скапо, албанец беше газда од швајцарија ја донел со возење и му се јавив на мој пријател Албанец кому безрезервно му верувам да ја исценка за мене пошто не ја пуштаа под 4500е.
Он се јави, ја спуштија 4300 а беше тазе регистрирана а ја немав ни денар повеќе за регистрација
и отидовме со него и кога они се видоа се изгушкаа се избакнаа излегоа роднини, мојов пријател поразговара со газдата на колата и ми вика - по ваква кола ли си тргнал, му викам ДА, Ти се свиѓа ли оваа, му викам ДА, дај парите ми вика пали и терај, ни мерач за уље не кренав цел среќен помочан брм брм наваму
Газдата што ја имаше либрата донесено ми кажа дека за син му ја донел ама тој па сакал голф.
Му викам барем уљето да го проверам, ми вика ете ти картонче на рачката за жмигавец кога треба наредно мењање и не чепкај вози само, и јас така направив...
А треба да се внимава повеќе