Автор Тема: Што е она што ви недостига како производ на македонскиот пазар?  (Прочитано 7995 пати)

Присутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13844
Онака пред некој ден со едно другарче на кафе праевме муабет колку работи има по нет како додатоци, делови и изработки, а кај нас ги нема. Започнувајќи од штоф за седишта, па се до механички елементи.

Што е она што ви фали кај нас, нешто што го нема да го купите на лагер?


Присутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17443
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Китови за репарација на различни компоненти, како шепи за кочници и слично. Специфични алатки за одредена марка, како локери на брегасти за Твин Спарк мотори, всушност сите оние работи кои се наменети за "направи сам" поправки.

Отсутен Kozanostra

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1901
  • Opel Astra 2.0 DI
Се што има на e bay за автомобили треба и да го има и тука особено по тие цени, инаку ако почнеме да набројуваме ќе ни треба баајѓи да пишуваме......  :)

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Пократка ќе биде темава ако гласи: Што е она што го има како производ на македонскиот пазар.

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7240
Интересна анкета за можен иден бизнис...

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Ако можам некако да ви помогнам, се работи за странска компанија со повеќе претставништва низ европа. Работи на принцип праќате барање со тоа што ви е потребно (сериски број, марка, слика или се што е можно да се идентификува предметот) и чекате да ви вратат одговор со понуда за колку време ке стигне производот и која цена ќе биде. Обично нарачуваат поголеми делови од индустриските машини но во последно време почнаа и делови за автомобили (специфични што многу тешко се наоѓаат). линк од огласот http://www.pazar3.mk/mk/Listing/AdDetail/Index/1656790-Prodazba-na-rezervni-delovi-od-site-industrii  , за се што ве интересира прашајте ме.

Присутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13844
Да, ако имаш Ferrari 250 GT Lusso и да порачам водна пумпа па да ми бараат вака.

Најчесто сериските возила имаат компоненти кои пасоваат од други коли.

Пример се сеќавам на Бубата до 1967 година, горната јабучица пасоваше комплет од Рено 4 :), за после 1968 година да има поинаков тип.


Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Китови за репарација на различни компоненти, како шепи за кочници и слично. Специфични алатки за одредена марка, како локери на брегасти за Твин Спарк мотори, всушност сите оние работи кои се наменети за "направи сам" поправки.

има... има во униор, има во лпр, има во власир и во гедоре... нема ни сам да поверуваш каков се алат има, само ти немаш контакт со нив бидејки они работат (претежно) само со сервисери и сервиси. јас ги гледам кога доаѓаат кај мехатроника во гаража со каталози на алати што нудат на лагер... ке се почудиш со колкави огромни фасцикли, исштампани на македонски јазик со слики и понуди доаѓаат... видов алати за кои не ни сонував дека постојат а олеснуваат мноогу проблеми...

тоа ти е нешто како пецони сега со лаптопов што ми прави... реболинг на чипот графички они работат, имаат машина за тоа и ласерски го тинтраат (иако појма немав што е ама ете тука на форумов научив, иако за малку ке го фрлев во канта), само што они не работат со физички лица туку работат со сервиси кои поправаат лаптопи... пецони ми е комшија 25 години, го знам од пелени што се вика и појма си немав дека работат и храдверски корекции на интегрирани матични плочи... знаев дека продаваат хардвер (исто така претежно на сервиси), ама ова не го знаев...

поентата ми е дека има многу работи кај нас што мислиме дека ги нема, само затоа што се специфични.

затоа, темава е прекрасна... ако некој напише тука дека нешто му фали, а некој друг знае дека го има, би било супер кога и ке посочи каде го има, секако со оставен контакт број и локација, па уште и ако има цена би било супер...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Присутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13844

затоа, темава е прекрасна... ако некој напише тука дека нешто му фали, а некој друг знае дека го има, би било супер кога и ке посочи каде го има, секако со оставен контакт број и локација, па уште и ако има цена би било супер...

Токму тоа и една од замислите.

Значи поставете некој специфичен проблем што сте го имале или мислите дека го имате, можи ќе се најде некој што знае кој го работи тоа или каде може да се набави тоа.

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Јас ве упатив каде да се обратите ако веќе немате излез, не зборам за половен дел или шкарт од кина, зборам за нешто што ни ebay неможе да помогне.

Отсутен ARMEX

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3616
Недостасуваат повеќе продавници со интересни делови, како афтермаркет делови и слично. Вака се две-три, од кои пола кинески ултра тежок шкарт, другата половина со прескапи цени. Еве на пример, нема соодветна продавница за полиуретански делови за подвозје. Нема продавница за спортски амортизери, коиловери и слично. И тоа што го има, е во смешно мали количини, се по порачки и останато.

Отсутен Bu$aV MeGaNe

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1855
  • Renault Megane R26
Спирали од странство
Дистанцери од странство
Спојлерче од странство

И уште еден куп ситници морав да ги нарачувам од странство.Многу би било полесно кога би можел да ги купам од тука,макар и нешто поскапи само да не се заебавам.
Значи како што кажа Армекс ни фалат продавници за афтермаркет делови и опрема.Ама кога ќе размислам подобро може ова и не е толку позитивно бидејќи повеќе пари ќе оставам по тие продавници,вака кога ќе ми текне на нарачување и чекање од некои ситници се имам откажано!

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7049
Ми недостига производ со цена (и квалитет) како на европскиот пазар

;D ;D ;D

Присутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17443
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Што е она што ви недостига како произво&
« Одговори #13 на: 10 Април 2014, 23:30:54 pm »
Не знам дали сте гледале Mighty Car Mods, неколку пати досега патуваат во Јапонија само за продавницата за ПОЛОВНИ ОЕМ и афтермаркет делови. Значи продавница, што продава користени брегасти, издуви, бандажи и гуми, турбини, мотори, пластикарија, буквално огромен хангар со рафтови со половна роба, нормално 100% исправна. Тоа за мене е ПРЕКРАСНО, но сепак, се работи за Јапонија каде авто-културата е на максимално ниво, а не е Македонија каде проста маса смета возило со две лепенки и четири дупки у грана за "тјунинг".

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34066
  • Таков е животот... јебига
Недостасуваат повеќе продавници со интересни делови, како афтермаркет делови и слично. Вака се две-три, од кои пола кинески ултра тежок шкарт, другата половина со прескапи цени. Еве на пример, нема соодветна продавница за полиуретански делови за подвозје. Нема продавница за спортски амортизери, коиловери и слично. И тоа што го има, е во смешно мали количини, се по порачки и останато.

Ами согласно побарувачката.