Дечки ај малце помош.
Пишав во друга тема.
Се работи за Toshiba L850 13R ATI 7670M.
Вечерта работев, го спуштив екранот ...отиде на слип...и не стана
Лаптопот покажува црн екран. Го слушам дека крева, дури и испушта некој звук како кога исклучуваш телефон, ама екранот е црн. Нема ништо.
1) Пробав со вадење батерија,држење 1 минута на копчето за пали/гаси пак ништо
2) Имаше едно видео као наводно ако го загрееш салам (околу 20 минути блокирани издуви) ќе проработи. Пробав загреа солидно (нормално дека не претерав), пак ништо.
3) Го отворив слотот за рамот. Има само една 4GB плочка DDR3 SODIMM ...Samsung. Го сменав слотот го ставив РАМот на друг слот, пак ништо. Црн екран.
4) Го врзав со VGA кабел со монитор и мониторот не покажува ништо (значи не е расипан мониторот на лаптопот).
Останува да проверам со друга рам плочка или графичката да е сјебена.
Има некој DDR3 SODIMM само да проверам дали е до тоа?