Јас сакам Рено 4. Сакам и буба, фичо не. Фичото и бубата и реното и дијаната се во истата група на легендарни стари возила. Сите имаат многу маани и недостоци, но оставиле голема трага во историјата.
-Мене не ми се допаѓа фичото, нема ништо добро во него. Неможам да седнам во него, ниту пак да притиснам на гаста без да стиснам и кочница. Правено е за деца до 12 години. Мотор кој прегрева на секоја угорница, па и на рамно. Симпатично е, само да не си внатре или пак да го возиш. Може да биде забавно ако се тргнат сите седишта и се постави едно централно седиште и се стави мотор од 50кс.
-Реното има најголем и најпрактичен багажник (ден денес нема кола со подобар багажник), мотор што никогаш не прегрева, најсовремен мотор во групата. Реното е секако најпрактично, и може да вози без проблем по црн пат бидејќи има голем ground clearance и независна суспензија.
-Бубата нема багажник, има прегласен мотор и премногу троши и понекогаш загрева, но има најздрав и најцврст лим и изгледа најинтересно од сите. Колата што го почна животот како Хитлер а заврши како Хипик.
-Дијаната е слична на Рено 4, само во се полоша и послаба. Преслаб мотор, уште потенок лим, премека амортизација, уште потесна.