Автор Тема: бензин во маслото  (Прочитано 3241 пати)

Отсутен Martin_GSM

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 891
бензин во маслото
« на: 07 Април 2014, 21:38:19 pm »
Веќе 2-3 турања ми крена потрошња ненормално и смрдеше на бензин внатре, гледав менував црева, проверував карбуратор, палење, свеќици се во ред, случајно ја кренав шипката од маслото и гледам маслото како вода направено е и смрди на бензин. има 4-5 дена од ко ми крена потрошњата поминав околу 50-60км дури да видам шо е работата.

што да му правам сега? ново масло и пумпа бензинска ке завршат работа или треба да го перам некако моторот?

се работи за фичо.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: бензин во маслото
« Одговори #1 на: 07 Април 2014, 22:49:11 pm »
како завршил бензинот во маслото? прво тоа откри го...

да го переш нема потреба, само испушти го, нека се исцеди убаво, барем 10-тина минути со отворена штопна,  филер за масло нема, така да тоа е тоа.. после тури му ново масло и си завршил работа... туку откриј од каде иде бензинот во маслото... преку пумпата бензинска или преку карбураторот ти моча преку ноќ.... преку трето нема како да влезе...

запримети на прво верглање насабајле дали се помачува на првиот круг, да не речам како дизел кога верглаш...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Martin_GSM

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 891
Одг: бензин во маслото
« Одговори #2 на: 07 Април 2014, 23:00:29 pm »
не се мачи на палење, него најверојатно од бензинската пумпа има влезено(менував мембрани и семерингот на тоа осовинчето што ја движи мембраната), од карбураторот незнам како би влегло, како да проверам тоа?


Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: бензин во маслото
« Одговори #3 на: 07 Април 2014, 23:24:28 pm »
си го испрал моторот барем :)

Отсутен Martin_GSM

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 891
Одг: бензин во маслото
« Одговори #4 на: 07 Април 2014, 23:28:47 pm »
сум ја ебал утката и тоа не на летање ами на полет, во овие ~60км ми лапна 800 денари бензин. + сега што треба да менам масло(пред 1 месец сменато) и пумпа да барам нова...

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: бензин во маслото
« Одговори #5 на: 07 Април 2014, 23:30:19 pm »
смени ја бензинската пумпа. таа е пробиена внатре.. пукнато и е телото. кога си мењал си ја ебал работата... може и претходно си ја ебал работата, ама сега дошло до израз кога си размрдал... нај веројатно тоа е...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Martin_GSM

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 891
Одг: бензин во маслото
« Одговори #6 на: 09 Април 2014, 17:56:36 pm »
сменав бензинска пумпа, не најдов од фичо па ставив од лада(оние што имаат за рачно пумпање), ставив и ново масло, е сега имам проблем, на угорница не сака да крени повеќе од ~3200рпм во втора, ако ја ставам трета има сила ама постепено опаѓа. на рамно вкопува на 4.000 и не сака повеќе, пред да почни да ме ребра си беше во ред, развиваше обртаи како што треба се. во меѓувреме сменав и разводник(потекло одпад ама барем нема луфта) платината е таа што беше во него

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8645
  • Пичлеме
Одг: бензин во маслото
« Одговори #7 на: 09 Април 2014, 17:59:58 pm »
Не се надевај многу на пумпата од Лада. Ете ја Ладата на татко ми во двор со истиот проблем, бензин во маслото. Една торба пумпи има сменето и пак истиот проблем му се јавува, никако да се погоди некоја пумпа, за брзо време се расипуваат...

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43650
  • Il Moderatore
Одг: бензин во маслото
« Одговори #8 на: 09 Април 2014, 20:25:11 pm »
Да конвертирате во електрична пумпа? http://www.youtube.com/watch?v=cYIrnBaGPnU

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: бензин во маслото
« Одговори #9 на: 09 Април 2014, 22:58:29 pm »
тоа беше следното што ке го кажев... електрична пумпа... старата ја оставаш да си стои таму кај што си е, само  ги откачуваш цревата и ја спојуваш електричната... и се тоа супаер ама...

ама за на фиќо ке мора со пресостат, инаку ке изгори за брзо време... зашто? затоа што нема поврат во резервоар за вишакот. и на југо 45 нема да може исто така... за лада некој горе пиша, не сум сигурен.. ако карбураторот има повраток во резервоар, тогаж може... ако нема тогаш тоа е тоа... инаку оваа пумпа се наоѓаше за околу 1000 денари.. јас ја имам турано на застава 128, си брка работа... се поврзува со контактот да работи и тера...

*пресостат е уред кој исклучиува струја на одреден притисок (се штелува на колкав)
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Martin_GSM

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 891
Одг: бензин во маслото
« Одговори #10 на: 09 Април 2014, 23:13:23 pm »
па незнам колку е паметно кај мене да ставам електрична пумпа, преоптеретена е инсталацијата (х4 сијалици, појачалото), ако рикни оваа пумпа следно решение ке биде тоа, за поврат мислам дека со loop систем(да враќа во цревото пред пумпа) мислам можи да се реши со вентил кој би отварал на одреден притисок... ако треба да го правам некогаш ке го мислам.

инаку проблемот со обртаите се реши, сменав платина и го прештеловав палењето, сега да видам како ке биди само потрошњата

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: бензин во маслото
« Одговори #11 на: 09 Април 2014, 23:49:20 pm »
прво пред да го правиш тоа, измери моментално на кој притисок ти работи пумпата, после за повратокот да одбереш соодветен вентил.
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Peconi

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2948
Одг: бензин во маслото
« Одговори #12 на: 09 Април 2014, 23:55:53 pm »
мешањето на бензин и уље од пумпата за бензин
фичовски пумпи имаш кај Ванчо нови
тоа што неќе да врти може да ти е до пумпата, најверојатно го преполнува карбураторот и го гуши моторот
електрична не ставај, прават голем притисок и ќе го имаш истиоит проблем
иначе има за поврат на вишок бензин карбураторот ама скоро на ни еден не функционира, ги вадат куглците и ставаат штопна
ти препорачувам да си земеш оригинална фичовска пумпа за гориво е сега ако неможеш да најдеш стави си електронско палење подобро ќе ти го согорува бензинот

Отсутен Martin_GSM

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 891
Одг: бензин во маслото
« Одговори #13 на: 10 Април 2014, 00:07:12 am »
како би го преполнувала карбураторот кога ке затвори пловакот? кај мене црево само едно е на карбураторот, и нема на друго место каде да поврзам освен тоа за вакумот што е и едно под карбураторот кај тоа што притиска полугата од сајлата за гас(тоа незнам за што е, стои затапено, исто и ова за вакумот е затапено). сега од кога сменав платина(се сеќавам дека со таа старата ми правеше ист проблем и порано и ја имав оставено за резерва ама сум ги помешал кога го монтирав новиот разводник) и го прештеловав палењето, си ја врати силата, на истата нагорнина каде што се мачев со 2ра вчера денес ја наполни 3та до 4к рпм.

кажувај ако има уште некој марифет, електронско се спремам одамна да ставам ама не му е дојден денот

Отсутен Peconi

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2948
Одг: бензин во маслото
« Одговори #14 на: 10 Април 2014, 00:17:37 am »
марифети има еден куп, само требаат доста пари :)
ко за почеток грана 4 во 1 или 4 - 2 - 2 и електронско