Автор Тема: Дали во Македонија можe да се регистрират автомобили како Koenigsegg, Bugtti..?.  (Прочитано 5481 пати)

Отсутен Gileail

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 1
Која би била цената? И дали постојат одредени стандарди за овие автомобили?

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29608
    • CARclub.mk
Секако дека може. Сè додека проаѓа хомологација и технички преглед, слободно може да се регистрира.

Е сеа, со оглед на тоа дека акцизата кај нас се пресметува врз основа на цената, давачките би биле прилично големи.

Да претпоставиме дека Bugatti Veyron чини 1.000.000 евра. Со оваа цена влегува во највисоката стапка на акциза за автомобили, односно 18% (извор).

На тоа имаме и ДДВ и 1 или 5% царина (во зависност дали е возилото со потекло од ЕУ или не).

Значи, за да увезеш Вејрон ќе имаш уште најмалку 360.000 евра давачки. Чиста работа.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13859
И тоа мислам (не ме држете за збор) тие 1% или 5% ти ги рачунаат на цената со се ДДВ :D

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29608
    • CARclub.mk
Не сум сигурен дали ДДВ-то се смета на цена+акциза или само цена, или како и да се комбинираат (односно акумулираат) давачките.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34068
  • Таков е животот... јебига
Да, прво се пресметува цената со акцизата, па резултатот станува основица за пресметка на ДДВ, а царина се пресметува без акцизата.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29608
    • CARclub.mk
Значи грубо околу 400.000 евра давачки. Најс.

Ја не би оданочувал никако возила што коштаат над рецимо 300.000 евра. Нека ги има бе, колку што може повеќе по улици. Нека се радуваат луѓето.

Ја би бил драстично посреќен ако насабајле кога ќе одам некаде ќе видам Veyron или Aventador, макар и на комшијата.

Отсутен DayWalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3063
  • Ќебапбрингер!
чекајте другари, тоа значи дека ја плаќам 40% од вредноста на мојата кола?
Да фак ис вронг вит Мачедони?

Отсутен Nakolce

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2310
  • Имигрант
чекајте другари, тоа значи дека ја плаќам 40% од вредноста на мојата кола?
Да фак ис вронг вит Мачедони?
Евритинг ис вронг вит Мачедони...
Не дека нема пари народов.. или давачките се големи...
Дека не се возат многу па мислат дека не се погодени моторите.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14243
  • Пудингот на шоферството
Акцизата не е 1%?ДДВ=то мислам крева најмногу?Да го купиш ново да речеме Вејрон од Порше Мк да го увезе како би било?
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29608
    • CARclub.mk
чекајте другари, тоа значи дека ја плаќам 40% од вредноста на мојата кола?
Да фак ис вронг вит Мачедони?


Не, далеку од тоа. Ти плаќаш околу 20%.

Ако твојата Фиеста има фабричка фактурна (со испорака до Скопје) цена од рецимо 6000 евра, на таа цена се рачуна царина, (1%) акциза (во твој случај) 2%, па на таа сума уште 18% ДДВ.

Па на таа сума импортерот додава маржа, а-у..

Отсутен DayWalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3063
  • Ќебапбрингер!
Абе тоа отприлика така ќе му дојде да.

Ова некако нагло многу ми дојде. Пошто рековме колата кошта 1 000 000 (ваљда е милион ова со толку нули) а даваме плус 400.000 давачки.

400.000 од еден милион е 40%. значи дека дури 40% од вредноста на колата идат за споменик на плоштад?
Па мене колата уствари ме кошта 1 400 000.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54953
  • Махер

Отсутен DayWalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3063
  • Ќебапбрингер!
Епа да де, тоа е глупото 400 000 евра? море 400 000 мајки да им тииииит

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54953
  • Махер
А тек па ако не се европски. Погелдни како е во Сингапур. Фиестата твоја ќе те кошта 50.000 еур за да ја извадиш на улица.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20634
Уф добро е... Се’ додека е под 500 000 евра, нема гајле можам одма да платам давачки, ама ако е над, ќе ми требаат некои 2-3 дена.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.