Да појаснам дека во вратите на новата Фиеста не влегува оваа димензија на звучници што ја зборувате....и НЕМА ШАНСИ ЗВУКОТ од звучниците од ВРАТИТЕ да е како звукот од звучниците монтирани на задната табла-даска...од проста причина што волуменот во гепекот е далеку поголем од оној во вратите, така да од замена на звучниците во вратите можеш да добиеш само поквалитетни средни( пеење) и високи тонови( ццкање) хехе но не и бас-длабока фрекфенција којашто се добива само од субвуфер ..... и колку што те рабрав Бојан не си во можност да си дозволиш појачало-кабли итн... ефективно решение за евтини пари ти е надоградба на звучници на задната табла-даска од возилото
Сега ги проверив спецификациите на JBL GTO-8628, тоа се 8" x 6" и тие не влегуваат ни во новата ни во старата фиеста. 7" x 5" е димензија во вратите.
Што се однесува до волуменот, неточно е дека поголем волумен значи подобар, погласен, поквалитетен звук. Волуменот, дизајнот, типот (отворена или затворена) на кутијата се пресметува според многу фактори. Постојат варијанти во зависност од што се сака да се добие во однос на боја на тон, односно кои фреквенции ќе се слушаат погласно, а кои потивко. Потоа ако е отворена, друга математика е кај ќе се постави бас рефлексот, колку ќе биде долга цевката, колкав пресек ќе има и тн. Во секој случај голема кутија подеднакво може да биде неефикасна како мала.
Пристоен бас од звучниците во страниците може да добие, но не и онаков замарачки тап бас (Вууууу, вауууу) и не пре гласен за онака да го рокне озвучењето. Но истото нема да го добие ни со елипси на даската позади задна клупа. И тоа се подразбира од така помоќни елипси возени со дополнително појачало. Со појачалце од фабричко радио (2x15W RMS) само ќе му пафтаат елипсите.
Понатаму, да не отварам тема колку е битен квалитетот и карактеристиките на звучниците. Потоа поставеноста на звучниците и оној кој треба да слуша, поготово кога станува збор за да се чуе (длабок) бас. И тн.
@BojanJ
Ако имаш фабрички 4 елипси и 2 твитери, стави си само некое активно вуферче, ко тоа што го продадов(види го во продавам), наштелувај го еквилајзерот на радифцето и ќе видиш колку поразличен звук ќе добиеш. Такво вуферче се наоѓа до 100 евра комплет со кабли и уште 500 до 800 денари монтажа, немаш утка.