ЕДИТ: Dog, не, не зборите за таа фиеста. Зборите за новата фиеста... И мене ме збуни..
Инаку ако станува збор за старата фиеста, го имав конкретниот модел и го имав многу убаво озвучено. Еве го:
СалеСК го има чуено и знае како звучеше. Ќе се согласам дека е жива глупост да го сечеш капакот од зади или да кроиш друга даска од иверица.
Јас во страниците имав ставено елипси Infinity, не се сеќавам кој модел, ама знам дека беа едни од најдобрите звучници со тие димензии. Ги платив 6500 денари пар со попуст од Новус. Напред имав твитери USB кевлар, а во гепек мал активен вуфер Пионир. Елипсите ги возев на фабричкото радио кое беше JVC со Mosfet 4x23W RMS. Кристално чист звук, исполнет сразмерно во цел опсег на фреквенции. Кога ја продадов го извадив вуферот, се осеќаше разлика во звукот, но повторно беше добро исполнет и се осеќаше басот. Неспоредливо подобро од фабричкото озвучување и на фиестата и на возилото кое го возам сега Мазда 6 05.
Така да ако сакаш добро озвучење, најпрво стави си добро радивце и добри звучки во страниците. Потоа стави мал вуфер и твитери и тука ти заврушува приказната бидејќи реално нема да сакаш ништо повеќе и нема потреба на возило со толкав волумен. Ем нема да се секираш дека некој ќе ти ја обие колата заради елипсите кои ќе бодат очи од зади.