Автор Тема: Трагикомични огласи на половни возила  (Прочитано 390794 пати)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30821
    • CARclub.mk
Одг: Трагикомични огласи на половни возила
« Одговори #780 на: 10 Април 2018, 16:49:27 pm »
Сонот на секој мајстор се луѓе што нит се разбираат, нит се замараат. 650 денари сервис? Нема проблем.

За тие пари прашање е дали е нешто напраено на колата. Само ја преместиле колата на паркинг од едно место на друго и му се јавиле за саат време „готова ти е колата.“

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7271
Одг: Трагикомични огласи на половни возила
« Одговори #781 на: 10 Април 2018, 16:56:19 pm »


Малку масло собира тој 1.2 мотор. Поготово ако го има овој првиот и ете го одговорот, му ставиле 2 литри масло 10-40 кои во глобала најголем дел се тука околу 200 денари за 1 литар, маслото 400 денари за 2 литри, филтер исто 150-200 денари и толку е.

Отсутен ARMEX

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3616
Одг: Трагикомични огласи на половни возила
« Одговори #782 на: 10 Април 2018, 17:00:03 pm »
Гумите се Nokian WR G2,  немам коментар за сервисот од 650ден.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15256
  • Пудингот на шоферството
Одг: Трагикомични огласи на половни возила
« Одговори #783 на: 10 Април 2018, 17:14:21 pm »
Мене мал сервис ме чини од 2700-3000ден.4л масло,по 600 -650ден и маслен филтер.Сам си менувам,и 3-4 стеги пластични трошам за заштитната пластика. ;D
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15315
Одг: Трагикомични огласи на половни возила
« Одговори #784 на: 11 Април 2018, 10:12:48 am »
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Малку масло собира тој 1.2 мотор. Поготово ако го има овој првиот и ете го одговорот, му ставиле 2 литри масло 10-40 кои во глобала најголем дел се тука околу 200 денари за 1 литар, маслото 400 денари за 2 литри, филтер исто 150-200 денари и толку е.

2 литра масло бе. Башка на ланче :D Поекономично од ова здравје ;D

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7271
Одг: Трагикомични огласи на половни возила
« Одговори #785 на: 11 Април 2018, 15:27:23 pm »
Барем се опаметиле во шкода. Мојана собира 4.5 литри масло. Исто колку 2.0 тди а се работи за 1.3 мотор >:(

Отсутен Bokica

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1501
Одг: Трагикомични огласи на половни возила
« Одговори #786 на: 14 Април 2018, 16:31:33 pm »
Исклучок , не е возило али страшно трагикомично  ;D http://reklama5.mk/AdDetails?ad=2582976
Understeer is when you hit the wall with the front of the car. Oversteer is when you hit the wall with the back of the car. Horsepower is how fast you hit the wall and torque is how far you send the wall across the field once youve hit it.

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7444
Одг: Трагикомични огласи на половни возила
« Одговори #787 на: 14 Април 2018, 23:03:58 pm »
Ги гледам сликиве од олупинине коли прават и не ми е јасно како у Порше една врата (нова) не можат да ја наштелуваат да пасува како што треба од 5ти пат, у М-кар не може боја да погодат, у СГС (бог да ги прости) не можеа крило да испеглаат и да го офарбаат како што треба....

Или толту и сл. се мајсторишта или ови се прават ненормални.

Отсутен koce1102

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1572
Одг: Трагикомични огласи на половни возила
« Одговори #788 на: 15 Април 2018, 12:30:06 pm »
Мајсторите што го можат тоа - сами си птвараат сервиси...

Sent from my SM-G935F using Tapatalk


Отсутен malinamamun

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 552
Одг: Трагикомични огласи на половни возила
« Одговори #789 на: 04 Мај 2018, 15:51:15 pm »
Еден братучед кој има Гранде Пунто го продаде и реши да земе нешто поголемо. Падна разговор за Фиат Браво 1.9 спорт и ми спомена дека неколку дена гледал некои модели меѓу кои и ова.
Отидовме да го видиме и се уверивме во напишаното
Вистински уникат и тоа со 3 извичници !!!
 
По ова можам слободно да кажам дека Avto Plac Zveki е најзаслужниот што уникатите се дојдени по Паланка, конечно и во Скопје.

Фиат Браво 1.9 Perfektna sostojba. На прв поглед евтино, па ајде ќе се прогледа и низ прсти што нема аутоматска клима. Се јавивме човекот го испофали баш како во огласот. Братучедот загреан бидејќи и е без кола и вели леле пред да го видевме 110% го земаме.

Читајте убаво описот во огласот. Има за смеење навистина
 
http://www.reklama5.mk/AdDetails?ad=2863410

Но кога отидовме што да се види. Колава е буквално однесена од позади. Десната страна т.е тркало е испаднато цело. Левото е внатре во крило, А десното надвор  :D

Незнам како не им е срам да го продаваат ова.
Отпад тежок. Иако ги има прилично многу, кај нас ретки се овие што се со фул опрема темпомат, спортски седишта, аутоматик клима, видовме и уште 3 на плацевиве во Скопје али секое е со мани. Удрено, калемено, згазено од возење итн.
 


Сега најдовме едно во Прилеп. Му бара 4900 евра до регистрација што е и добра цена 

Има фул опрема темпомат , аутоматик клима, најскапите моделски бандажи итн. Цената ни е прифатлива, па може да се каже и малку ниска,  па би сакале да прашаме дали го знае некој ова пред да одиме. Не беше проблем да е Скопје, ама да не тепаме пат до ПРилеп за џабе. Да не испадне само и ова да е некој уникат како тоа погоре кај Zveki.

Fiat Bravo 1.9 4900евра Прилеп

http://www.reklama5.mk/AdDetails?ad=2877240





Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4112
Одг: Трагикомични огласи на половни возила
« Одговори #790 на: 04 Мај 2018, 16:15:08 pm »
Викаат од прилеп кола не се купувало :(

Sent from my FIG-LX1 using Tapatalk

Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15315
Одг: Трагикомични огласи на половни возила
« Одговори #791 на: 04 Мај 2018, 16:39:20 pm »
Јас кога барав кола за мене не можев да најдам ни по разно.
Со 147-цата имав ептен среќа. Испадна кола од прв газда архитект од Италија (ја проверив, не се сеќирајте). Зачувана. Топ.

Со другите коли, не знаете колку плацеви поминав.

90% од она што се продава не е безбедно да седнеш во неа, не па да ја купиш.

Само луѓево цените ги одредуваат по тоа што пишува по огласите, а не реалната состојба на колата.

Кога ќе видам какви ѓубриња продаваат, па ќе се најде некој да ми ценка или ќе ми рече „оти овде имаш зуцка“ ми доаѓа да го фатам за уши и да го однесам на некој плац да види што продаваат за иста цена.

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3356
Одг: Трагикомични огласи на половни возила
« Одговори #792 на: 04 Мај 2018, 16:47:56 pm »
Јас 3 недели барав возило за мене.

Буквално цела Македонија ја свртев.

Мислам дека немам веќе нерви во наредниве 3-4 години да барам или менувам кола.

Плацевите, огласите се преполни со тежок отпад и крш. Плус ако почнете да проверувате и историја на возилото онлајн, верувајте дека ќе се изнагледате чудни работи.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5261
  • The Spartan General
Одг: Трагикомични огласи на половни возила
« Одговори #793 на: 04 Мај 2018, 16:50:03 pm »
.....

Како беше? Колата треба да е бела по документи, а пред тебе тегет-плава. Или, моторот е 1.1 од фабрика/под хауба, а 1.4 по сообраќајна. Или еден литар уље во картер, по пропис 4 литри.  ;D ;D ;D
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Присутен MAPJAH

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7200
  • Бенве сие бенве
Одг: Трагикомични огласи на половни возила
« Одговори #794 на: 04 Мај 2018, 16:52:41 pm »
Јас бев ја гледав таа што требаше да е бела а беше портокалова :)