Еден братучед кој има Гранде Пунто го продаде и реши да земе нешто поголемо. Падна разговор за Фиат Браво 1.9 спорт и ми спомена дека неколку дена гледал некои модели меѓу кои и ова.
Отидовме да го видиме и се уверивме во напишаното
Вистински уникат и тоа со 3 извичници !!!
По ова можам слободно да кажам дека Avto Plac Zveki е најзаслужниот што уникатите се дојдени по Паланка, конечно и во Скопје.
Фиат Браво 1.9 Perfektna sostojba. На прв поглед евтино, па ајде ќе се прогледа и низ прсти што нема аутоматска клима. Се јавивме човекот го испофали баш како во огласот. Братучедот загреан бидејќи и е без кола и вели леле пред да го видевме 110% го земаме.
Читајте убаво описот во огласот. Има за смеење навистина
http://www.reklama5.mk/AdDetails?ad=2863410Но кога отидовме што да се види. Колава е буквално однесена од позади. Десната страна т.е тркало е испаднато цело. Левото е внатре во крило, А десното надвор
Незнам како не им е срам да го продаваат ова.
Отпад тежок. Иако ги има прилично многу, кај нас ретки се овие што се со фул опрема темпомат, спортски седишта, аутоматик клима, видовме и уште 3 на плацевиве во Скопје али секое е со мани. Удрено, калемено, згазено од возење итн.
Сега најдовме едно во Прилеп. Му бара 4900 евра до регистрација што е и добра цена
Има фул опрема темпомат , аутоматик клима, најскапите моделски бандажи итн. Цената ни е прифатлива, па може да се каже и малку ниска, па би сакале да прашаме дали го знае некој ова пред да одиме. Не беше проблем да е Скопје, ама да не тепаме пат до ПРилеп за џабе. Да не испадне само и ова да е некој уникат како тоа погоре кај Zveki.
Fiat Bravo 1.9 4900евра Прилеп
http://www.reklama5.mk/AdDetails?ad=2877240