Ќе одам на подолг пат, па сакав со фабрички сетинг да одам.
K&N-от е осетно пореспонзивен на гас над 2.200 вртежи, до таму е фабричкиот има подобар дотур на воздух. До изведбата да доводот е, кај K&N-от е од доле (и не сум нашол време да го изведам саглам), кај фабричкиот е директ од предна маска.
Звукот нема споредба. Класи разлика. Длабок и рапав звук на пониски и мукање на повисоки кај К&N-от, со вабричкиот по „електричен“ звук, зујалица.
Инаку:
- масло Motul X-Clean 5W40 - 4 х 660 = 2.640 ден.
- филтер за масло Hengst - 720 ден.
- филтер за гориво Hengst - 1.300 ден.
- филтер за воздух (изваден K&N-oт), ставен Hengst - 760 ден.
- филтер за кабина, карбонски MANN - 750 ден.
- свеќички Bosch Iridium - 4 х 690 = 2.760 ден.
Работна рака - 600 ден.
Вкупно: 9.530 ден.
за споредба на цените од 2012:
Епа вака:
Овластен сервис Бутик
Филтер за воздух: 1,208 ден. 920 ден.
Филтер за масло: 755 ден. 1,110 ден.
Филтер за гориво: 1,619 ден. 1,390 ден.
Филтер за полен: 720 ден. 660 ден.
Масло Мотул 8100 5-40 2Л: 1,673 ден. 1,700 ден.
Вкупно: 7,648 ден. 7,480 ден.
Напомена: филтрите од бутикот се Hengst.
Претходниот сервис:
Цените од Порше во Април месец:
Денеска направен сервис на леонот 1.4 тси во Порше.
На дечките им сметаше да им стоиш настрана покрај твојата кола (значи не е како се декларират официјално дека може да стоиш покрај нив додека се прави сервисот)
Цените се изгор
1. Ф. за воздух 1528 ден,
2. Ф. за масло 1036 ден,
3. Масло специјал плус 502.00 4л=3959 ден,
4. Работни операции = 1120 ден.
5. Штопна = 178 ден ( оваа штопна во Кадис не се наплаќа)
вкупно 7822 ден.
Напомена : Во кадис промена на сите филтри и репсол масло со работни операции кошта 8700 ден. филтрите им се далеку поевтини таму.
Ми кажа предните и задните плочки ми се при крај. Предните коштаа 6500 ден, задните околу 4000 ден, работна рака околу 2000 ден, за плочкиве ќе се размислам на некоја поевтина варијанта.