Автор Тема: Seat Leon 1.4 TSI Style Facelift  (Прочитано 156343 пати)

Присутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10960
  • 430i
Одг: Seat Leon 1.4 TSI Style Facelift
« Одговори #480 на: 30 Март 2015, 09:34:08 am »
29.03.2015, точно 5 години како го имам Леонот.
За овие 5 години, изминати 42.239 километри.

Во Петокот направив 6-та по ред регистрација, заедно сосе атестација за клима фолии.
Дури тогаш приметив дека од овие 42.239 км, 10.936 км се во изминатата година. Се провозило изминатата година количето :)

Каков е Леонот после 5 години односно нешто повеќе од 42К км. користење?

Надворешно сеуште годржи сјајот како денот кога беше купен. Има мали оштетувања од перења/четки штосе за очекување после толкав поминат период.
Стандард длабнатинки и грепки на комшиска база, како и мини длабнатинки на местото за прицврстување на кровните носачи благодарејќи на експертите од Карнер. Се секое перење, си излага по некоја нова точка/гребнатика. Имам желба наскоро да ја однесам на еден полир третман, пошто си го залужила истиот.

Стаклата веќе 4 години затеменети, напред со фолија 50-ка, позади 35-ка. ДО сега не сум имал никаков проблем со видливост или нешто поврзано со стаклата. Греачот на задното стакло како и греачите на ретровизорите си работат беспрекорно.

Осветлување. Интересно, до сега единствени сменети сијалички на колата се задните две за осветлување на табличката. Сите останати се фабричките. Осветлувањето напред е одлично, помошта од магленките привртење на воланот досега ми било од голема помош. Сум размислувал за автермаркет ксенони, но сеуште немам сретнато Леон кај кого е изведен како што треба, односно да не заслепува од спротива. Јас не  мислам на никого да пречам и се откажав од идејата. МОжно е единствено оригинал фар со вграден ксенон. Осветлувањето во внатрешноста е доволна, со една примедба што во последните 2 месеци на 2 пати ми се случи предното светло да не свети, па по благ притисок врз него веднаш да засвети. Дали губи контакт или сијаличката е при крај ќе покаже времето. Капачето од прекидачот на задната половина од возилото еднаш беше извадено од дете бр.1, го интересирало човекот што е тоа што се врти и сега знае чат-пат на поголема труска да падне (мада задниов пат изгледа убаво го имам наместено).

Внатрешност. Уште од како го земав Леонов бев скептик околу квалитетот на изработката на внатрешноста. Аj не толку на изработката колку на изборот на материјали. Пластиката на централната конзола изгледа преефтино, таква е и на допир. Но, после 5 години користење сеуште е во првобитната  состојба. И после 5 години, нема крцкање, цвичење од било каде од внатрешноста. Единствени 5 работи кои "попуштија" се долната пластика на воланот (супруга вози со прстењаци  :( ), централното лого на воланот (прстен), рамката од возачката врата (прстен), дупче на кожата од менувачот каде е најмногу свиткана кожата, "пониклуваниот" прстен на рачната сопирачка.









(логото не го сликнав)

Ме изненадува кожата на воланот која нема покажано никакви знаци на истрошеност.
Патосниците (оригинал Сеат, добиени како поклон при превземање на возилото) веќе 5 години се газат, попушти само возачката на местото кај десната пета. Не е искинато, само излитено е на тоа место.
Седиштата немаат значи на излитеност, сеуште не се закинале некаде, задните се малку подзапрљани со оглед дека 3 деца се возат позади, но ниште страшно. Единствено на предните седишта, на надворешните страни се појавија мали свивки.



Радиото, т.е. ЦД-то откажа после една година и беше заменето во гарантен рок. Од тогаш немало проблеми. Вуферот го пазарив бидејќи сакав да добијам подобар и пополн звук во кабината, без правење драми надвор од кола. Така и би и сум презадоволен од тоа како свири колата. Сите копчиња во кабината функционираат, сите команди работат. Од пред Нова Година, почна да ме зеза УСБ приклучокот, односно почна да губи некаде контакт. Треба да му мавнам на УСБ-то 2-3 мацоли и ќе гопрочита. Па на некоја труска знае да исклучи.

Подвозје. Подвозјето беше прегледано пред 2 недели при замената на спиралите и истото е во одлична состојба, без знаци на истрошеност. Сите гумички, буфери се на место, не распукани, не искинати. Возењето е круто, со спортска нота. За конфор може да стане збор само со зимскиот сет на гуми, со летниот и сегашните гуми, не. Сo промената на спиралите добив уште по директно управување. На волан се добиваат сите информации од патот и точно знаеш кога ќе "пуштат" гумите, кога ќе се активира АБС или ТЦС итн. Едниствено ми смета за нијанса погласното тропање од задната оска ( така беше и пред промената на спиралите ) и се надевам дека во скоро време ќе го изолирам колку толку тој проблем. Она што ми е приоритетно во наредните 2 месеци е да ги сменам гумите. Овие сега, Bridgestone Potenza R050 беа одлични првите 10.000 км, максимум првите 2 години. До сега имаат поминато 30.363 км но одамна ги имаат изгубено перформансите. Одвратно бучни се додека се загреат, потоа се само бучни и се пластифицирани во крајна мерка. АвтоМето ми посочи дека предната лева е благо деформирана, а по страните сите 4 се испукани.





Мотор. Она што од првиот ден и секој нареден ме тера да седнам и да го возам Леонов. Одлична комбинација со 6-степениот менувач и релативно ниската тежина на колата од 1250 кг. Дo сега никогаш не ме изневерил, било кога сум барал перформанси, било при претекнување или мерачење на Водно и обиколница, било при потрошувачка. До сега е сервисиран само во овластен сервис, Ка-Дис, а последниот пат во Порше Македонија. За овие нешто повеќе од 42К км нема потрошено ни грам уље. К&N фитерот само и допринесе уште повеќе да уживам во "цапнување" на гаста. Ми го дава оној звук за мене, не за публика :). Треба да напоменам дека фабричкиот акумулатор (Exide) не издржа ни 3 години, па беше заменет со Topla, затворен систем.
Потрошувачката за изминатите 4 години (првата немав апликација):



Потрошувачката е пресметувана на секое од 59-те надополнувања во последните 4 години. Просекот од 7,89 л/100км за мене е и повеќе од прифатлив. КОга ја земав колата не очекував ништо под 9 литри на 100 и бев подготвен на тој издаток, другото е ќар за мене :). Сум стигнал од Охрид со просек 5,5 од Маврово со 4,5. Сум стигнал и од Маврово со просек 11,4 и до Охрид со просек 9. Сум возел од Центар до Аеродром со 16,6 просек, како и 5,2. Се зависи од начинот на возење, состојбата во сообраќајот и големината на прекорачената брзина :)

И после 5 години, мислам дека ја донесов исправната одлука при избор на автомобил. Тргнав по Алтеа (јер фамилија), ама едноставно не се најдов во неа. Седнав 2 пати, 5 пати, ама ме ништеше чувството дека треба да возам комбенце, не ми “лежеше“  некако. За 2-3 пати во годината пат надвор од Скопје, за мене беше преголема жртва да живеам со таков избор. Гледано од денешна перссектива, можеби сум згрешил, ама кој можел да планира дека дека жена ми со гратис раѓа :). Бирав и Голф 6-ка, Астра, гледав Круз, Браво, но ниедна од овие го немаше оној зинг кој ми го даде Леонот (башка возев и претходно Леон и Ибица). Бев спремен да ја проголтам внатрешноста, на сметка на се останато. И така, си уживам, т.е. уживаме веќе 5 години и со надеж дека повторно ќе дадам едно резиме на 10 годишнината :)

Дали би го избрал повторно?
Не, бидејќи почнувам да имам потреба од поголемо возило.
Инаку го препорачувам на секој со младешки дух кој сака да ужива во возењето. Било кој ривју што го има на интернет има една заедничка реченица, Fun to drive. И како избор за половно возило мислам дека е одличен избор за секој дечко/девојка, млад брачен пар, кој не сака да му ја мисли наредни неколку години за кола.

И закрај пошто времето беше одвратно, една слика од претходно, колку да го заокружи текстов :)


Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6128
  • 69
Одг: Seat Leon 1.4 TSI Style Facelift
« Одговори #481 на: 30 Март 2015, 09:52:52 am »
Секоја чест за трудот и напишаното.
Нека те служи и понатаму како и до сега :)
Многу безгрижни километри.
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен Lazarus

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 534
  • drive it like you stole it!
Одг: Seat Leon 1.4 TSI Style Facelift
« Одговори #482 на: 30 Март 2015, 10:26:21 am »
Како што кажа Сале, да тераш многу безгрижни километри со Леончето. Само знаеш дека следен пат кога ќе го товариш ке изгледа како на аватарот, така? :D

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Seat Leon 1.4 TSI Style Facelift
« Одговори #483 на: 30 Март 2015, 11:12:46 am »
Свака част, само напред !!! Саглам гуми да си купиш што побрзо и да си уживате у вожњата :)

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6478
Одг: Seat Leon 1.4 TSI Style Facelift
« Одговори #484 на: 30 Март 2015, 11:33:50 am »
Ептен со мерак објаснето :) , објективно и многу значајно ако некој е интересиран за купување на половен Сеат Леон. Темава е мерак за читање.

Моторчево го возев во нов Голф 7 1.4 (122 коња) и навистина бев пријатно изненаден во споредба со мојов Меган 1.9 дци (120 коња). Еластичноста е нормално нијанса подобра кај мене особено при претекнување на отворен пат, угорници и порелаксирана вожња итн. но убеден сум во старт дека тси моторот е побрз. Плус голфчето беше со старт/стоп и она гасење на цилиндри ако возиш полека. Но, само потрошувачката малку потфрла ама со оваа километража што ја правиш јас би го направил истиот избор како тебе.  Ова ќе те служи уште многу години, само квалитетно масло и нема гајле.

Отсутен kalimero

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1847
Одг: Seat Leon 1.4 TSI Style Facelift
« Одговори #485 на: 30 Март 2015, 11:40:39 am »
Браво за текстов.
Уште долго да те служи и да ти прави кеиф, и што побрзо да си земеш караван дизел за транспорт, па ова да остане само за мерак и за хоби.

Инаку каде го провери целото подвозје, ако може локација или контакт, зш и јас сакам да ја однесам мојата на детална проверка?

Отсутен Cranium

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 941
Одг: Seat Leon 1.4 TSI Style Facelift
« Одговори #486 на: 30 Март 2015, 11:45:54 am »
Свака ти част за темава, и нормално за последниот пост! :D

п.с. пиши ми по пп кој ти ги местеше спиралите и бројче и што пари ти зема за монтажа ;)

Присутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10960
  • 430i
Одг: Seat Leon 1.4 TSI Style Facelift
« Одговори #487 на: 30 Март 2015, 12:23:45 pm »
Фала дечки :)

Калимеро, Краниум, подвозјето го прегледа Перо (071-252-162) по препорака на Аце-106. Дечкото има работено во Ка-Дис, па Порше, па сега си има сервис отворено во Кучевишка бара. Мене ми е битно што ги знае Сеатите.

Отсутен FilipM

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3999
  • Turbo
Одг: Seat Leon 1.4 TSI Style Facelift
« Одговори #488 на: 30 Март 2015, 12:43:22 pm »
Во живо изгледа како да е година-две, а не 5... :)
I’m so mean, I make medicine sick

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Одг: Seat Leon 1.4 TSI Style Facelift
« Одговори #489 на: 30 Март 2015, 18:14:02 pm »
Одлично review, само мене ми остана во глава една најпаметна мисла кажана на форумов:

Сум размислувал за автермаркет ксенони, но сеуште немам сретнато Леон кај кого е изведен како што треба, односно да не заслепува од спротива. Јас не  мислам на никого да пречам и се откажав од идејата. МОжно е единствено оригинал фар со вграден ксенон.

Фалат вакви луѓе!

Отсутен FilipM

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3999
  • Turbo
Одг: Seat Leon 1.4 TSI Style Facelift
« Одговори #490 на: 30 Март 2015, 18:15:16 pm »
И јас сум на истото мислење, затоа немам ставено ксенон...
I’m so mean, I make medicine sick

Отсутен cuoresportivo159

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4194
Одг: Seat Leon 1.4 TSI Style Facelift
« Одговори #491 на: 30 Март 2015, 18:15:50 pm »
Клабер за пример и почит. Секоја чест за трудот :)
Alfa Romeo 166 is one of only three cars that have "that special thing" !!! 
-J.Clarkson

Присутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10960
  • 430i
Одг: Seat Leon 1.4 TSI Style Facelift
« Одговори #492 на: 02 Април 2015, 11:41:10 am »
Го урочи некој  :(

Бравата на гепекот откажа. Нејќеше да се затвори и на отварање шлајфаше централната.
За цела среќа мајстор Фиќо успеа да ја среди за 1 саат.

Бев спремен да ја носам во Порше да ја сменат (не знам колку банки би коштала), али Фиќо вика дај да видам, неможе брава јас да не  направам :)
Ја извади, ја отвори комплет. Електромоторчето е поврзано со едно запчаниче  на чија оска има навој кој бутка едно пластиче за да се отвори вратата. Арно ама навојчето си ебало векот и се скршило. Оттука она шлајфање при обид да се отвори. Прво го залепивме навојчето со браварски супер лепак па со леткум убаво се завари на запченикот. Само малку импровизиравме и од спротивната страна му ставивме едно федерче за да го враќа она пластичето (не сликав јеби га :) ).

Се врати на место  бравата, се акна гепекот 10-тина пати за да видиме дали ќе попушти, ама си работи. До кога, ќе видиме :)
Како и да е, мора да земам нова брава и да ја чувам во резерва. Лесно се менува.

Отсутен dame

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3176
    • https://www.facebook.com/pages/Hemisko-I-Poliranje-Na-Vozila/373554479331896
Одг: Seat Leon 1.4 TSI Style Facelift
« Одговори #493 на: 02 Април 2015, 18:27:46 pm »
pogore imas super rezime za kolata sekoja cest

Отсутен miksi

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1406
Одг: Seat Leon 1.4 TSI Style Facelift
« Одговори #494 на: 03 Април 2015, 09:33:24 am »
Добар осврт за веќе 5 години старата кола. Еве и јас се токмам истото да го направам пошто и мојата е 5 години и безмалку 100.000км....
Колава црна ја немаш уште полирано?