Државата секогаш ќе ти каже дека треба да регистрираш бизнис и да плаќаш данок, од друга страна по селата има многу луѓе што чуваат живина за нивни потреби и продаваат јајца, месо, нормално сива економија. Тоа што ти треба да го направиш, е да прашаш на соодветно место, соодветни луѓе (форумот не е тоа место по мене), дали постои законска граница за број на кокошки кои можеш да ги чуваш за свои потреби, за да не се случи утре некој да те пријави. За заработка од јајцата, ако ги продаваш локално, и смееш да чуваш 100-150 кокошки без регистрација на фирма, не гледам како некој би ти направил проблем за приходот ако е ќеш.
Сепак, бидејќи сите ние овде си правиме бош муабети, без да ги знаеме законите, најубаво прашај си на соодветно место и луѓе што се занимаваат со тоа.