Автор Тема: Занимање на форумџиите  (Прочитано 151231 пати)

Отсутен Boshe

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5148
  • Пиши лаже
Одг: Занимање на форумџиите
« Одговори #840 на: 30 Јуни 2022, 16:43:21 pm »
Правиме муабет за Дрекселмаер, така? Додека бев јас, тие од оддржување земаа солидна плата, браво ако ги качиле толку.

Sent from my SM-G998B using Tapatalk

Remember to keep yourself alive, there is nothing more important than that

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3423
Одг: Занимање на форумџиите
« Одговори #841 на: 30 Јуни 2022, 21:54:59 pm »
Со среќа,  плата од преку 40К во Македонија не е воопшто за жалење. Во Европа има европски плати, ама има и европски цени и најбитното не си дома.

Јас да ми понудат плата од преку 40 илјади во  Битола, најверојатно би се вратил.

Ќе се вратиш, ќе основаш семејство, и ќе викаш што ми требаше да се вратам кога ќе видиш дека не гледаш позитивна иднина за децата.

И јас сум моментално презадоволен од работата, најбитно е дека се пронајдов тука каде што сум, ама од сега тупам глава што за 15тина години кога децата ќе стигнат возраст матуранти и искрено се плашам дека ако не фатиме во наредните 15год сите комплет штрафта тие ќе си го фатат патот, а нас ќе ни биде касно и проблематично да менуваме средина...

Присутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7057
Одг: Занимање на форумџиите
« Одговори #842 на: 30 Јуни 2022, 23:25:54 pm »

Многу се и 15....

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8615
  • Малерозен дрводарец
Одг: Занимање на форумџиите
« Одговори #843 на: 30 Јуни 2022, 23:28:00 pm »

Nikat nie kasno!

Еве пред некој месец едни роџаци одебаа Њујорк, на возраст 60 :)
Добра плата.
Прав скопјАнец.

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2188
Одг: Занимање на форумџиите
« Одговори #844 на: 01 Јули 2022, 11:31:48 am »
Честитки @AUDI !!!

Аплицирав во Дрекслмаер пред повеќе години за IT, бев на тестови - ги поминав. После ме викнаа на интервју и не ни добив никогаш повратно позитивно или негативно :)

После разбрав као демек дека си примиле некој со врски преку локалниве менаџери/шефови во IT, па после некој период разбрале Германциве како го примиле тој (преку некој сосема трет што исто аплицирал на огласот) и настанало хаос. Не знам колку е вистина :)

Сега кога ќе размислам, цела среќа што не ме примија, којзнае како ќе се снаоѓав за патување, а платата беше нешто малку над 20к. Али дека бев без работа тогаш, desperate times call for desperate measures.

Отсутен AUDI

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2204
Одг: Занимање на форумџиите
« Одговори #845 на: 01 Јули 2022, 22:27:57 pm »
Фала @balanar
Непотизам имало и ќе има,додуша балканот е првак на тоа поле,така да не ме чуде ова што го кажуваш.Се додека има вишок на работна сила а со тоа и на  братучедот/братот/швалерката ќе има кој да им ја брка  и кој да ги носи на рамена.

Во последно време во Кавадарци полека работна рака се помалку има а со тоа полека и условите за работа и платите полека растат и се подобруваат.
Но како што е тргнато за некои си 5-10 години ќе остани гласачкото тело,политичарите,партиски вработените во разни установи.

А што се однесува за desperate times call for desperate measures,сум работел во Фени Индустри како амал за 100ден од час,12 часа,7 дена во неделата 2 месеци.Или во Старт Демир Капија за 7-8000 ден месечно,6 дена во неделата по 9-10часа.

Но ете полека без помош од никој стигнав до некаде,се надевам во странција ќе вреди ова искуство кое сум го стекнал.

Drink Russian, Drive German, Wear Italian, Kiss French, be MACEDONIAN!!!

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14243
  • Пудингот на шоферството
Одг: Занимање на форумџиите
« Одговори #846 на: 01 Јули 2022, 22:41:23 pm »
За странција покрај искуството учи го јазикот за таму каде што планираш да одиш ако веќе не го знаеш за да си продолжиш од таму кај шо си,да не мора пак од почеток.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен AUDI

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2204
Одг: Занимање на форумџиите
« Одговори #847 на: 01 Јули 2022, 22:47:39 pm »
Година и пол одам на курс по Deutsch lernen,здравје планирам и да одам на Goethe да полагам испит,но прво да го фанам во рака Бг пасошот.Отом потом полека здравје.
Drink Russian, Drive German, Wear Italian, Kiss French, be MACEDONIAN!!!

Присутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7057
Одг: Занимање на форумџиите
« Одговори #848 на: 02 Јули 2022, 01:38:09 am »
Година и пол одам на курс по Deutsch lernen,здравје планирам и да одам на Goethe да полагам испит,но прво да го фанам во рака Бг пасошот.Отом потом полека здравје.
Сите чекори си ги запазил. Најбитно е што имаш и желба и знаење, нема зима за тебе во нормалниот свет. Кај нас се потценува работната сила.

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8615
  • Малерозен дрводарец
Одг: Занимање на форумџиите
« Одговори #849 на: 02 Јули 2022, 01:41:20 am »
Година и пол одам на курс по Deutsch lernen,здравје планирам и да одам на Goethe да полагам испит,но прво да го фанам во рака Бг пасошот.Отом потом полека здравје.
Сите чекори си ги запазил. Најбитно е што имаш и желба и знаење, нема зима за тебе во нормалниот свет. Кај нас се потценува работната сила.

Ме ебавте и двајцата со пашапорто, разбираш, ама ок е... Имам разбирање.

Добра плата.
Прав скопјАнец.

Отсутен Leonid

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 859
Одг: Занимање на форумџиите
« Одговори #850 на: 02 Јули 2022, 14:03:47 pm »
После 15 години работење за други,решив да почнам сам. Трговија со пумпи, водоводни материјали,санитарија итн, монтажа на истите со надворешни фирми со кои соработувам. Ако треба на некого услуга, ќе гледам да завршиме работа по најкоректна цена (за квалитетот не се ценкам никогаш)

Отсутен Tesla

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1441
  • Eбач на батерии :D
Одг: Занимање на форумџиите
« Одговори #851 на: 02 Јули 2022, 14:25:28 pm »
@AUDI онлајн курс? Планираш имачка или австрија?
Д'г ж'т в'к п'н б'и - Долг жолт волк полн болви.

Zenu dupe krasi a tortu orasi.

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3423
Одг: Занимање на форумџиите
« Одговори #852 на: 02 Јули 2022, 15:13:27 pm »
После 15 години работење за други,решив да почнам сам. Трговија со пумпи, водоводни материјали,санитарија итн, монтажа на истите со надворешни фирми со кои соработувам. Ако треба на некого услуга, ќе гледам да завршиме работа по најкоректна цена (за квалитетот не се ценкам никогаш)
Од 10.2021 сум генерален застапник за сервис и продажба на AUMA електромоторни погони и редуктори за територијата на Р. Македонија. Ако треба нешто, тука сум. :D

Отсутен Leonid

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 859
Одг: Занимање на форумџиите
« Одговори #853 на: 02 Јули 2022, 15:38:19 pm »
После 15 години работење за други,решив да почнам сам. Трговија со пумпи, водоводни материјали,санитарија итн, монтажа на истите со надворешни фирми со кои соработувам. Ако треба на некого услуга, ќе гледам да завршиме работа по најкоректна цена (за квалитетот не се ценкам никогаш)
Од 10.2021 сум генерален застапник за сервис и продажба на AUMA електромоторни погони и редуктори за територијата на Р. Македонија. Ако треба нешто, тука сум. :D
одлично,има можност за соработка

Отсутен AUDI

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2204
Одг: Занимање на форумџиите
« Одговори #854 на: 02 Јули 2022, 16:44:51 pm »
@AUDI онлајн курс? Планираш имачка или австрија?

Не он лине,во приватна школа си одам на часеви два пати неделно.Здравје планирам Германија,таму ми се роднините,но прво да излезе пасошот.Моментално сум на статус потпис од вицепрезидента веќе 2 месеци,па за брзо би требало да се заврши сагата која ја имав.

П.С
Во март месец ме вратија на дополнителна проверка,па барав низ старата куќа каде што живееше прадедо ми и за некоја среќа најдов ковчеже во кое пра-пра дедо ми ги чувал сите документи.Документи имаше од 1912 година па се до 1948 година кога и починал.Тоа ковчеже после 70+ години го отворив и најдов некои бугарски документи,војнички бугарски билет со кој прадедо ми патувал додека бил војска па и некои стари банкноти(левови,марки и некои австроунгаски банкноти).Како ги доставив тие стари документи веднаш од советот ме ставија на положително.И како што кажав очекувам за многу брзо да испадне државјанството.

Не дека финансиски мизерувам тука,не е толку проблемот до парите колку што е до нефункционалноста на системот.
Кога ќе видам кој се е на јавна функција и што се случува,во која состојба е судството,здраството,образованието.Хаос....

Drink Russian, Drive German, Wear Italian, Kiss French, be MACEDONIAN!!!