Автор Тема: дали е дозволено влечење со кола или мора влечна(шлеп) служба?  (Прочитано 15672 пати)

Отсутен Martin06

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 252
И тука ќе донесат закон ако нема не се секирајте , сегде на балканов инаку важи тој закон освен у тексас (косово) ;D

Таму нема никогаш ни да важи.
Рамните патишта се за брзите коли, кривините се за брзите возачи !!!

http://imageshack.us/photo/my-images/707/opelastragpixelforum.jpg/

Отсутен DC

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 256
Одг: дали е дозволено влечење со кола или мо&
« Одговори #16 на: 17 Август 2011, 12:28:27 pm »
ЗАКОН ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА:

Член 76
(1)  Со моторно возило смее  да се  влече друго моторно возило само ако тоа, поради неисправност или недостиг на одделни делови, не  може самото да се движи.
(2) Со моторно возило не смее  да се влече мотоцикл со или без странична приколка или друго возило на две  тркала.
(3) ) Глоба во износ од  20 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе  му  се  изрече односно ќе  му  се  регистрираат 10 негативни бода согласно со  одредбите на овој  закон, на возачот кој  постапува спротивно на одредбите од ставовите (1) и (2) на овој член.

Член 77
(1)  Моторно возило  смее   да се  влече ноќе,  како и  дење во  случај на намалена видливост,  само ако на својата задна страна има запалени црвени светла за означување на возилото или ако го влече моторно возило кое  има и при влечењето користи жолто ротационо светло.
(2)  На правното лице кое  ќе  нареди или дозволи влечење на моторно возило, спротивно на одредбата од ставот (1) на овој  член,  ќе му се изрече глоба во износ од 520 до 1.350 евра во денарска противвредност.
(3) За прекршокот од ставот (2) на овој  член,  глоба во износ од 330 евра во денарска противвредност ќе  му  се  изрече и на одговорното лице на правното лице.
(4)  Глоба во  износ од  35 евра во  денарска противвредност во  мандатна постапка ќе  му  се  изрече,  односно ќе  му  се  регистрираат 20  негативни бода согласно со  одредбите на овој  закон, на возачот кој  постапува спротивно на одредбата од ставот (1) на овој член.

Член 78
(1) За време на влечењето на возилото од членот 76 став (1) на овој  закон, двете возила  се   означени  со   знак  со   кој   се   означува  запрено  возило  на коловозот  (сигурносен   триаголник).   На  моторното  возило  кое   влече  друго возило,  триаголникот  се   поставува на  предната,  а  на  влечното возило  на задната страна.
(2) Глоба во  износ од  20  евра во  денарска противвредност во  мандатна постапка ќе  му  се  изрече,  односно ќе  му  се  регистрираат 10 негативни бода согласно со  одредбите на овој  закон, на возачот кој  постапува спротивно на одредбата од ставот (1) на овој член.

Член 79
(1)  Моторно возило на пат може да се  влече со  помош на јаже,  крута врска (руда) и со потпирање или бесење на возилото за влечното возило.
(2) Со помош на јаже не смее  да се влече моторно возило на кое  не му се исправни уредите за  управување или  уредите за  запирање,  ниту  товарно моторно возило и автобус.

Член 83
(1)  Растојанието помеѓу влечното и  влеченото моторно возило,  ако се влече со јаже изнесува три  до пет метри, а ако се влече со помош на крута врска може да изнесува и помалку од три  метри.
(2)  Глоба во  износ од  20  евра во  денарска противвредност,  ќе  им   се изрече,  односно  ќе   им   се   регистрираат  десет негативни  бода  согласно  со одредбите на овој  закон, на возачите на возилата од ставот (1) на овој  член  кои постапуваат спротивно на одредбата од ставот (1) на овој член.

Член 84
(1) Моторно возило кое  на пат влече друго неисправно моторно возило, не смее  да се движи со брзина поголема од 40 км/час.
(2)  Со  влеченото возило  од  ставот (1)  на овој   член   забрането е  да се превезуваат лица.
(3) Глоба во  износ од  25 евра во  денарска противвредност во  мандатна постапка ќе  му  се  изрече,  односно ќе  му  се  регистрираат 15 негативни бода согласно со  одредбите на овој  закон, на возачот кој  постапува спротивно на одредбите од ставовите (1) и (2) на овој член.

Отсутен DareBmw

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4305
  • К’мет
И тука ќе донесат закон ако нема не се секирајте , сегде на балканов инаку важи тој закон освен у тексас (косово) ;D

Таму нема никогаш ни да важи.
Таму ништо не важи ;D

Отсутен Martin06

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 252
И тука ќе донесат закон ако нема не се секирајте , сегде на балканов инаку важи тој закон освен у тексас (косово) ;D

Таму нема никогаш ни да важи.
Таму ништо не важи ;D

+1
Рамните патишта се за брзите коли, кривините се за брзите возачи !!!

http://imageshack.us/photo/my-images/707/opelastragpixelforum.jpg/

Отсутен RikiRulz

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10639
  • *** UNDERCOVER ***
значи можело?
а јас пак слушнав со новиот закон дека не смеело,и дека казната била 300 евра.
е сега што е точно нека каже некој кој е подобро упатен.
рики ти си мвр,што е точно?

Знам дека казна има, за влечење... ама коа си на мака, ваљда нема да те казни, да ве застане... не е до толку да га ебем...

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14240
  • Пудингот на шоферството
значи можело?
а јас пак слушнав со новиот закон дека не смеело,и дека казната била 300 евра.
е сега што е точно нека каже некој кој е подобро упатен.
рики ти си мвр,што е точно?

Знам дека казна има, за влечење... ама коа си на мака, ваљда нема да те казни, да ве застане... не е до толку да га ебем...
море и поќе се будали Рики да ме верваш
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен rikoMK1

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 61
moze da te vlecat ako se rabori za kratko rastoanie imam licno iskustvo so tatko mi od stip trebase da odime za albnaija po rabota na kolata kaj pletvar nokeska vo 3 saat i pukna dihtungot na deklata celata voda istece kolata ednostavno ne se pomdrnuvase edinstveno vozilo sto pomina po patot bese policiskiot krajsler licno tie ne vlecea do prilep ... a koga kazaa deka treba da se raboti 2 dena na kolata so slep sluzna ja kacija i ja donesoa do doma :/

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4970
а шлепов надвор од град колку пари е по километар?

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
нема таксиметар за тоа, туку непосреден пазар...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
moze da te vlecat ako se rabori za kratko rastoanie imam licno iskustvo so tatko mi od stip trebase da odime za albnaija po rabota na kolata kaj pletvar nokeska vo 3 saat i pukna dihtungot na deklata celata voda istece kolata ednostavno ne se pomdrnuvase edinstveno vozilo sto pomina po patot bese policiskiot krajsler licno tie ne vlecea do prilep ... a koga kazaa deka treba da se raboti 2 dena na kolata so slep sluzna ja kacija i ja donesoa do doma :/

веројатно изгорел дихтунг на глава а не на декла...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Lubenicata

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 716
абе нели некој спомна дека ќе ги направи овие закониве најпотребни ко за пешачки и слично на неколку листа....?