Автор Тема: Crash Test-ови  (Прочитано 51763 пати)

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 45224
  • Il Moderatore
Одг: Crash Test-ови
« Одговори #315 на: 08 Август 2013, 14:48:44 pm »
Ок, да сублимирам без циничност. Ригидната шасија има врска. Крампл зони имаат врска. И едното и другото се подеднакво битни за безбедноста.
Alfa Romeo 159TBi
Alfa Romeo 166 2.5 V6 24v
VW e-up!

There’s nothing better than driving a car you fixed

Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
Одг: Crash Test-ови
« Одговори #316 на: 08 Август 2013, 15:01:08 pm »
Кафезот во кој се сместени патниците не смее да се деформира. Амортизирањето на ударот треба да се случува во просторот пред нив и само таму. Џабе се сите зони за нагмечување, ако ти се деформира кабината. Пострашни се траумите од нагмечување, прободување или удирање во цврста површина, од трауми при наглото забавување кои колку толку ќе бидат ублажени зоните за нагмечување и воздушното перниче или кацигата ако се работи за трка.

Од краш тестот што беше постиран во другата тема кај што се тестира фронтален судар во крило, се гледа и важноста на предниот браник, кој треба да ја распредели силата на ударот низ целата предна зона за нагмечување и да не дозволи ударот да ја промаши и да се пренесе во кабината.