фала, фала...
епа вака:
-кола како кола, кошташе
2250 евра. донесена од мој човек (би го препорачал на било кој), значи исто ко да сум ја зел ја од таму (без дополнителни заработки, заебанции и слично).
-бугарски документи (цол таблица, зелен картон бла-бла) околу
100 евра.-царина беше меѓу 20 000 и 24 000 денари. мојата со малце врски повлечени беше царинета 20 500 денари. значи
скоро 350 евра.-гориво од Дупница, подмитување двајца џандари, винетка -
околу 25 евра.-купопродажен договор околу
600 денари.-превод и заверка на преведени документи околу
2500 денари.-ТИФ и хомологација (во зависност кој човек, каде и какви ти се врските) кошташе од 5500 до 6500 денари. мене ме кошташе
6200.-регистрација (значи технички, давачки, таблици, осигурање + осигурање за патници, данок за возраст од 22-26 години) -
скоро 200 евра.тоа беше се, плус трошок ми беше сервис и ствари околу одржавање.
плус - минус околу 3000 - 3100 евра. кај нас, најевтина Ц2-ка беше во тој период (сега не знам) околу 3400 евра. и тоа збориме за основен бензинец, не толку сочуван, без опрема и со приближно или повеќе помината километража. така да, дизелче, со слично или исто ниво на опрема, во таква состојба, (ако го најдев тука, значи АКО) ќе ме кошташе скоро 4000 евра.
и сума сумарум, презадоволен од изборот, и од цената.
ME=HAPPY