Автор Тема: Прашање за одјава на рег. таблички  (Прочитано 18235 пати)

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: Прашање за одјава на рег. таблички
« Одговори #15 на: 21 Март 2014, 19:21:12 pm »
Човек, читаат и тие, не се мутави. Минимум 5-10 договори ми минат низ раце дневно, сите имаат таква одредба, и кога постои можност - продавачот ги одјавува таблиците, во Гевгелија.

И во Штип така беше, брат ми кога го зема Полото - дечкото таму ги одјави, без никакво полномошно, само со договорот.

Може на некој друг да му објаснува тој службеникот во МВР. Мене - неможе.

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Прашање за одјава на рег. таблички
« Одговори #16 на: 21 Март 2014, 19:26:51 pm »
Дојди во Скопје во МВР со нотарски договор да ја одјавиш колата имаш од мене 100 евра, ако не ке частиш кафана.
пс. дај ми лична карта само и не доагај воопшто да ти направам нотарски договор се легално заведен во Струмица имам луге исто и да одјавам на било кој таблици ама во Скопје во МТВ тој филм не го гледаш ;)

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: Прашање за одјава на рег. таблички
« Одговори #17 на: 21 Март 2014, 20:19:11 pm »
Дизел бараат полномошно на граница, но се разбира не баш секогаш. Тоа што тебе ниту еднаш не ти побарале не значи дека и немаш обврска да имаш или дека нема баш наредниот пат да ти побараат и да не те пуштат да излезеш од државава.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Прашање за одјава на рег. таблички
« Одговори #18 на: 21 Март 2014, 20:22:27 pm »
Мене ми имаат на граница побарано полномошно за возило.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: Прашање за одјава на рег. таблички
« Одговори #19 на: 21 Март 2014, 20:32:14 pm »
Дојди во Скопје во МВР со нотарски договор да ја одјавиш колата имаш од мене 100 евра, ако не ке частиш кафана.
пс. дај ми лична карта само и не доагај воопшто да ти направам нотарски договор се легално заведен во Струмица имам луге исто и да одјавам на било кој таблици ама во Скопје во МТВ тој филм не го гледаш ;)

Тешко. Нема нотар кој ќе си ја сече гранката на која што седи, поготово за 600 денари. Не во денешни услови. Нема шанси.

Дизел бараат полномошно на граница, но се разбира не баш секогаш. Тоа што тебе ниту еднаш не ти побарале не значи дека и немаш обврска да имаш или дека нема баш наредниот пат да ти побараат и да не те пуштат да излезеш од државава.

Никаде не реков дека не бараат или дека нема да ми побараат некогаш.

Само реков дека за моето деветгодишно возачко искуство, имам влегувано во странска држава, сам со возило кое што не е на мое име, и мене никогаш не ми побарале полномошно.

Сум поминувал граница стотици, стотици пати.

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Прашање за одјава на рег. таблички
« Одговори #20 на: 21 Март 2014, 23:11:16 pm »
Дојди во Скопје во МВР со нотарски договор да ја одјавиш колата имаш од мене 100 евра, ако не ке частиш кафана.
пс. дај ми лична карта само и не доагај воопшто да ти направам нотарски договор се легално заведен во Струмица имам луге исто и да одјавам на било кој таблици ама во Скопје во МТВ тој филм не го гледаш ;)

Тешко. Нема нотар кој ќе си ја сече гранката на која што седи, поготово за 600 денари. Не во денешни услови. Нема шанси.


Ako se raboti za vozilo na moe ime vo soobrakjajna i da treba da ja prevedam na tvoe ne mi trebas ti mi treba samo kopija od licna karta, normalno ako imam pricina t.e da imas nekoja sprecenost da dojdes vo momentot i da, ima sansa normalno ako go imas covekot!

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: Прашање за одјава на рег. таблички
« Одговори #21 на: 22 Март 2014, 09:48:21 am »
Друже, сета должна почит, ама вакви маалско-семкарски муабети, не..

Прво, копија од моја лична карта неможеш да имаш. Противзаконско е. Остај тоа..

Татко ми да е, ако не сум јас лично таму да се потпишам, НЕМА ШАНСА да склучиш ти договор за продажба на моторно возило, или било каков договор, for that matter. Кој ќе ме потпише? Кој му гарантира дека јас нема да го пријавам за тоа? Кој му гарантира дека ти нема да го пријавиш за тоа? Ти реков, син да си му на нотарот, нема тоа да го направи. Фалсификување на потпис, злоупотреба на службена должност и позиција, неуредно водење на службени книги, претставка за дисциплинска одговорност, кривично гонење..

Во денешно време, како што летаат глави за банални работи.. Три генерации по него нема да успеат да го исплатат.

Како што реков, за мочани 600 денари - НЕМА ШАНСА тоа некој да го направи. Ризикот, и влогот - пред се, се О Г Р О М Н И.

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Прашање за одјава на рег. таблички
« Одговори #22 на: 22 Март 2014, 10:54:01 am »
сигурно си поминал граница 100 пати со возило на татко ти а он па седел до тебе :) ај уживај, мал град сте па богородица се знаете и затоа мислиш дека така е. и ако веќе работиш на нотар прашај си ја нотарката дали сите членови што ке ги наведе во договорот мора да важат пред самите институции. Пример може да наведе под член 12 дека купувачот има право да ја вози колата 220 каде сака и кога сака, или може под член 13 да наведе дека може под дејство на алкохол да си го управува возилото. Тоа него не му дава за право пред институциите на државата да го прави тоа - ова ти го зборам за одјавувањето на таблиците што е вметнато како член во договорот, пиши што сакаш ти, нотарот му дава право ама тоа право не важи пред одредени институции, затоа постои посебно ПОЛНОМОШНО ЗА ОДЈАВУВАЊЕ НА ТАБЛИЦИ!

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: Прашање за одјава на рег. таблички
« Одговори #23 на: 22 Март 2014, 11:04:31 am »
Би ти кажал кој седеше до мене тие 100 пати кога поминував граница, ама ај, ќе се навредиш. Така е, сите се знаеме, и сите си помагаме, никој никому не завидува и сите сложно си живеевме, till the end of time.

Give me a break.

Неможе нешто што се коси со законот ти да го ставиш во договор и да важи. Не биди кратковид. Ако ставиш дека купувачот може да вози 220 секаде, нема да може, пошто законски дозволената максималната брзина во РМ е 130 km/h.

Но, продавачот да ги одјави таблиците, не се коси со ниедна законска норма, и можеш да го ставиш, и службеникот е должен да го почитува.

Е сега, ти ако незнаеш како да му објасниш, јас знам.

Имаше една случка неодамна кога двајца колеги-студенти на Правен, со приватна исправа каде што се заверува само потпис (исто како и договорите за продажба на моторно возило), си го продаваа Камени Мост во Скопје. Ете го сега нотарот, работи кај нив на Камени Мост, питачи.

Тој бил исто таков стручен нотар како и твојот во Струмица, на кој ти му носиш 500 клиенти, и он иде кај тебе на повик.

Се прашувам, што ли би ти завршил нотарот надвор од канцеларија, дома кај тебе? Ќе ти покопа на парадајзот? Nigga, please.

И те молам, прекини да ми објаснуваш нешто што не го знаеш. Те молам.

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Прашање за одјава на рег. таблички
« Одговори #24 на: 22 Март 2014, 12:03:06 pm »
Алооооо продавачот или купувачот да ги одјави таблите??? Јас ти викам дека за купувачот мора полномошно ти ми спомнуваш продавачот, нормално дека продавачот може да ги одјави таблиците без проблем само со лично присуство. П.с не сери многу за тие сто пати ако ти се коментира коментирај ако сакаш да се врегаме не е проблем пола саат не дели. Поздрав

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: Прашање за одјава на рег. таблички
« Одговори #25 на: 22 Март 2014, 12:21:52 pm »
Друже, сета должна почит, ама вакви маалско-семкарски муабети, не..

Прво, копија од моја лична карта неможеш да имаш. Противзаконско е. Остај тоа..

Татко ми да е, ако не сум јас лично таму да се потпишам, НЕМА ШАНСА да склучиш ти договор за продажба на моторно возило, или било каков договор, for that matter. Кој ќе ме потпише? Кој му гарантира дека јас нема да го пријавам за тоа? Кој му гарантира дека ти нема да го пријавиш за тоа? Ти реков, син да си му на нотарот, нема тоа да го направи. Фалсификување на потпис, злоупотреба на службена должност и позиција, неуредно водење на службени книги, претставка за дисциплинска одговорност, кривично гонење..

Во денешно време, како што летаат глави за банални работи.. Три генерации по него нема да успеат да го исплатат.

Како што реков, за мочани 600 денари - НЕМА ШАНСА тоа некој да го направи. Ризикот, и влогот - пред се, се О Г Р О М Н И.

не се ни 600.. 300 се по лист заверен... вчера правев договор на нотар...

порано можеше.. пред 20-тина години купив кола (крш за репарарирање и вежбање психа) од тип што ја купил од некој албанец (и го изгубил бројот) од сарај, кај што адресата во сообраќајната стоеше ул таа и таа ББ... е иди па ти најди го во сарај кај е тој... со пријател на нотар завршивме работа, како он да били да ми го продал возилото... ама тоа беше стварно одамна... во тоа врме и немаше толку ригорозно водење документи. денес такво нешто да му побараш ни за 1000 евра нема да ти го направи а не за 5 евра...

Пред 20-тина години немаше нотари, во 1998 година почна нотаријатот да функционира во Македонија.

Така е. И не е 300 денари од лист, зависи што си правел.

Обична заверка е 25 денари од страница (не лист) такса, плус 100 денари награда за еден заверен примерок.

Потпис чини 150 денари, без оглед на бројот на страниците, а следствено на тоа - обичен договор со две договорни страни - 600 денари чини заверката на четири потписи (по два, од продавачот и купувачот, на по еден примерок за двајцата).

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8621
  • Малерозен дрводарец
Одг: Прашање за одјава на рег. таблички
« Одговори #26 на: 23 Март 2014, 11:52:10 am »
...за вадење полномоштво за користење возило од некој што не е во крвно сродство (другар, пријател)

Една информација од терен за ова, а кажано од полицаец, цитирам:
"Да, треба да имаш полномошно за секое возило освен ако не е на татко ти или мајка ти, ама... вози..." :D

По сè изгледа еден од оние "Постои, ама никој не ги тера" закони :]
Добра плата.
Прав скопјАнец.

Отсутен Bifrost

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 165
  • Шаб ме габри
Одг: Прашање за одјава на рег. таблички
« Одговори #27 на: 30 Март 2014, 10:57:26 am »
Да не отварам нова тема зошто буквално имам прашање за одјава на таблици, предходната кола ја напраив тоталка и ја продадов на отпад, дали ќе можам да ја одјавам само со таблици и сообраќајна или ќе морам да имам некој документ дека сум ја продал на отпад или нешто слично?

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Прашање за одјава на рег. таблички
« Одговори #28 на: 30 Март 2014, 10:59:26 am »
само одјави ја, на шалтер ке те прашаат за кој град оди колата, ти кажи било кој и тоа е тоа, документите чувај си ги дома и завршена приказна е.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Прашање за одјава на рег. таблички
« Одговори #29 на: 31 Март 2014, 02:58:11 am »
не кажувај дека ке иде во град туку баш кажи дека иде во отпад. возилото се одјавува. меѓу другото точно тоа се рпави на шалтер..

или, ако толку ти е страв, иди прашај (со таблиците и сообраќајната под шалтер, да не се гледаат) и види што ке ти кажат. ако ти е прифатлива опцијата дигаш таблиците и завршуваш работа, ако не ти е прифатлива, се вртип и си одиш од таму...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време