Кога беа нови колите, после дожд се формираа капки.
На перење, ги прскаа со восоче или што и да е.
Кога почнав да ги перам дома, по некој месец приметив дека водата се разлева, не се формираат капки, и потешко идеше перењето.
Си реков, да не ја зафркнам бојата штедејки од перални па си купив s&s.
Сега повторно се формираат капки кои кога ќе се исушат оставаат флеки од атмосферската прашина, но со перење се чистат, и многу полесно се пере колата.
Друго, сигурно е позаштитена од УВ, гомца од чавки, и сл.