Автор Тема: Renault Megane 1.5 dCi 2006  (Прочитано 134336 пати)

Отсутен Prcot

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3465
Одг: Renault Megane 1.5 dCi 2006
« Одговори #45 на: 24 Октомври 2011, 13:14:09 pm »
Вака е ОК, ама ќе видиме после перење, дожд ... Ја тука би играл со силикон!
Па ја од тоа најмогу се плашам после прењето шо ќе биде, пошто нели со вапот висок притисок...

Отсутен Bu$aV MeGaNe

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1855
  • Renault Megane R26
Одг: Renault Megane 1.5 dCi 2006
« Одговори #46 на: 24 Октомври 2011, 23:59:14 pm »
Одлично,ке видиме колку ке трае,доколку е добар дуплофанот не би требало да има проблем,имав залепено знакчиња со дуплофан 1година и немаше никаков проблем,за понатака не знам ја продадов колата.

Отсутен RikiRulz

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10639
  • *** UNDERCOVER ***
Одг: Renault Megane 1.5 dCi 2006
« Одговори #47 на: 25 Октомври 2011, 01:05:06 am »
На надворешни влијанија ке видиме како ке изджи, ама да знаеш дуплофанот не е лепак, туку тој е да приджи.... и ти плус си му ставил дуплофан... колку што е буквата....

Иначе, јас дуплофан ставам на таблиците... кој ги бушам и ги стегам со штрафови и плус дуплофан дека вибрираат на овие со јака музика во кола за да не се тресе таблицата...

Отсутен Prcot

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3465
Одг: Renault Megane 1.5 dCi 2006
« Одговори #48 на: 09 Ноември 2011, 14:21:32 pm »
Еден мал апдејт на темава со некои стари слики шо ги најдов низ компјутер:
Стар само 2 месеца:





И за крај моментот после ставање на радио после 4 годишната битка со стариот:

Поздрав!!!

Отсутен IvO

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1676
Одг: Renault Megane 1.5 dCi 2006
« Одговори #49 на: 09 Ноември 2011, 15:02:02 pm »
4години без радио ? :/

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9032
Одг: Renault Megane 1.5 dCi 2006
« Одговори #50 на: 09 Ноември 2011, 19:20:41 pm »
сакаш да кажеш дека во колава немаше воопшто радио, зарем е можно???

имаш радио на првите слики или тоа сега ги додаде?

Отсутен Prcot

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3465
Одг: Renault Megane 1.5 dCi 2006
« Одговори #51 на: 09 Ноември 2011, 20:24:44 pm »
Да да можно е, 4 години бев без радио колата ја земавме без фабричко радио а се доплаќаше само 200 еур. ама што да праиш не беше до мене, 2 години молења кумења верувајте не ми беше лесно... но кога дојде моментот јас да одлучувам за некои работи стаив. Процесот на ставање радио беше макотрпен, прво после 2 години собирање пари од својот школски џепарлак во Ноември минатата година без никакво знаење на татко ми отидов низ град со буџет од 10 000 ден да барам радио. Прво отидов во техно маркет со цел да земам блаупункт шо го меркав на интернет, но кога отидов таму имаа само едно на лагер а тоа шо беше на лагер беше од излог па тоа отпадна од комбинација и. После одидов во трговски во зец електроникс и таму Роби ме бомбандираше со информации и ме убеди да зеам JVC тоа беше Ноември и така среќен си доаѓам дома убеден дека колата ми има само два предни звучници после пола саат мачење некако ја извадив пластиката што стоеше место радиото се разбира ја у гаража ја мајсторишам а стариот дома си глеа телевизија ко божем ќе го изненадам коа ќе влезе у кола. Како што кажав ја извадив пластиката го конектирам и го пуштам радиото не свири отварам упатство читам нема ни еден ебан звучник и тука ми се сркрши филмот. И си викам ај да видам како ќе стои успеав некако да го бутнам и кога глеам ко да фали делче помеѓу радиот и шалт таблата па после истражувањето на интерне дознав дека ми фали адаптер наречен fascia и адаптер за антена... И така фино лепо си го вратив радиото во кутија. Па почнав со јавувањето по телефони прво во овластени сервиси па после еден другар шо работеше во Дог Сеќурити ми кажа дека тие држат такви работи се јавив кај нев рекоа дека чини 600 ден па се јавив у Новус беше 500 па отидов таму го земав јбг коа си со ограничен буџет бараш најефтино :) кога го земав адаптерот беше Декември :)  Па тогаш ми се погоди како кец на десетка новогодишни празници роденден ваму таму се собра уше некој денар бев пак со ограничен буџет од 4000 ден а стариот викаше дека тоа било моја желба о нејќел радио :) прво шо беше се јавив у новус они не се нафаќаа да ги отвараат задните тапацири и ме убедуваа да ставам елипси но стариот нејќеше да чуе за таква, работа да сечат даска!! Ма нема шанси :) Па фино лепо се јавив кај Ате и фино лепо отидоме кај него фамилијарно Јас, Стариот и Брат ми мораше да се присуствува на тој свечен чин и он ни помогна да одбереме звучници па падна изборот на овие погоре:) Ате и негоата екипа си ја завришија работата крајно професионално и + добив гратис местење на радиот шо го купив од зец електроникс и адаптерот шо го купив од новус!!! И целиот процес беше завршен на 19.02.11 значи радиото го ставав цели 4 месеци  ;D ;D

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6886
  • French diamond
Одг: Renault Megane 1.5 dCi 2006
« Одговори #52 на: 09 Ноември 2011, 22:39:51 pm »
патешевствија до бесвест  ;) добро е важно на крајот го убеди стариот. и јас познавам неколку луѓе, и му се чудам како можат да возат без ич музика да пуштат  :o јас уште не влезен го палам прво радиото  ;D

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9032
Одг: Renault Megane 1.5 dCi 2006
« Одговори #53 на: 09 Ноември 2011, 23:25:01 pm »
бре да си го убедел барем за елипси, што ако ја сечат даската позади да не ке сурфа со неа :D

Отсутен Prcot

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3465
Одг: Renault Megane 1.5 dCi 2006
« Одговори #54 на: 10 Ноември 2011, 12:20:21 pm »
бре да си го убедел барем за елипси, што ако ја сечат даската позади да не ке сурфа со неа :D
Ќе едри  ;D у план ми е да купам некоја поволна даска ако најдам негде па таа да ја сечам и да и стаам некоја елипса

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11744
  • Архитект
Одг: Renault Megane 1.5 dCi 2006
« Одговори #55 на: 10 Ноември 2011, 18:02:40 pm »
Oди во овие за мебел што се, исцртај ја даската и ќе ти ја исечат како сакаш. Дури можи и дупки за елипсите ;)
Ако сакаш јас ќе ти ја исцртам во аутокад ако ти е тешко.

Отсутен slaki

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 109
Одг: Renault Megane 1.5 dCi 2006
« Одговори #56 на: 10 Ноември 2011, 20:28:25 pm »
И мене ми праи мерак количево, само ме плаши одржувањето. Можеш да пишеш колку те кошта редовен срвис уље и филтри. Колку се плочки.... незнам што друго знае почесто да се зезне, дизел не сум имал никогаш.

Нека те служи долго :)

Отсутен Prcot

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3465
Одг: Renault Megane 1.5 dCi 2006
« Одговори #57 на: 11 Ноември 2011, 11:16:13 am »
И мене ми праи мерак количево, само ме плаши одржувањето. Можеш да пишеш колку те кошта редовен срвис уље и филтри. Колку се плочки.... незнам што друго знае почесто да се зезне, дизел не сум имал никогаш.

Нека те служи долго :)
Значи вака, плочки до сега немам нењано и затоа неможам да зборам која е цената. А филтри иам мењано + можам да ти кажам моментални цени зошто вчера купував, се спремам за поголем сервис  па за тоа сум компентентен да зборам :)
Уље - Elf w40 околу 2300
Филтер за уље UNICO 200 ден
Филтер за полен UNICO - 698 ден
Филтер за воздух Unico - 442 ден
Филтер за нафта - немам земено ама ќе имам информации во текот на денот :)
За разлика од овластениот сервис  кој поштено ме изгори првите два пати зошто морав таму да одам ради гаранцијата цените одеа точно вака: ( ја најдов сметката шо сум праел сервис 03.04.2009)
Уље- 2500
Филтер за уље - 850 ден
Филтер за полен- 2200 ден
Филтер за нафта - 4100 ден
Филтер за воздух - 1500
 Имав пишано и во друга тема коку сум платил ама цените од овластениот сервис ги пишав по сеќавање :) овие се вистинските цени :)

Отсутен RikiRulz

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10639
  • *** UNDERCOVER ***
Одг: Renault Megane 1.5 dCi 2006
« Одговори #58 на: 11 Ноември 2011, 11:37:13 am »
Tууу што мука си видел околу радиово...

Отсутен Bu$aV MeGaNe

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1855
  • Renault Megane R26
Одг: Renault Megane 1.5 dCi 2006
« Одговори #59 на: 11 Ноември 2011, 12:32:43 pm »
 
И мене ми праи мерак количево, само ме плаши одржувањето. Можеш да пишеш колку те кошта редовен срвис уље и филтри. Колку се плочки.... незнам што друго знае почесто да се зезне, дизел не сум имал никогаш.

Нека те служи долго :)
Значи вака, плочки до сега немам нењано и затоа неможам да зборам која е цената. А филтри иам мењано + можам да ти кажам моментални цени зошто вчера купував, се спремам за поголем сервис  па за тоа сум компентентен да зборам :)
Уље - Elf w40 околу 2300
Филтер за уље UNICO 200 ден
Филтер за полен UNICO - 698 ден
Филтер за воздух Unico - 442 ден
Филтер за нафта - немам земено ама ќе имам информации во текот на денот :)
За разлика од овластениот сервис  кој поштено ме изгори првите два пати зошто морав таму да одам ради гаранцијата цените одеа точно вака: ( ја најдов сметката шо сум праел сервис 03.04.2009)
Уље- 2500
Филтер за уље - 850 ден
Филтер за полен- 2200 ден
Филтер за нафта - 4100 ден
Филтер за воздух - 1500
 Имав пишано и во друга тема коку сум платил ама цените од овластениот сервис ги пишав по сеќавање :) овие се вистинските цени :)

Филтер за нафта 1400ден.
Предни плочки Ferodo 2000ден. а се наоѓаат и поевтини
Задни Плочки Ferodo 1300ден.
Ребраст Каиш 1100ден
Затегач 2400ден
Линиски Каиш 500ден