Лоциран е проблемот, вчера бев кај мајсторот што си ја носиме колата и ја ставија на рампа и констанираа течење на глицерин.
Некоја мембрана на цревото која ги поврзува двете пумпи за кумплуг попуштила и од нејзе капело уште поодамна но у петокот почнала да тече и затоа пропаднал. Е сега, се тоа добро ама таа мембрана ја нема нигде по продавниците и единствено морало да се порача во Аутомотив Груп... За да може да се вози додека не се замени делот мајсторот ја закрпи колку да тера со силикон
И дотури глицерин, на мајсторот му беа потребно 2.5 саати да ја среди и за тоа побара 550 ден... Кога заврши, дирекно се уптивме во Аутимотив и за да прашаме/да порачаме мембрана. И погодете што, мембраната ја имаа на лагер и е само една! Под инто ја резервиравме која кошта 3580 денари и за рака побараа 315 денари
И така фино лепо си закажавме на сервис во понеделник за промена.
Фала ви на сите што се потрудивте да го лоцираме проблемот!
Поздрав!!!