Само болдираното се однесува на дискусијата погоре. Законот е сеуште во важност, од денот на донессување на законот до денес донесени се и измени и дополни кои не се однесуваат на наведеното подолу.
Член 40 (од Законот за возила Службен весник на РМ, бр. 140 од 06.11.2008 година)
Задолжителност на одјава(1) Сопственикот на регистрираното возило е должен да го одјави своето возило кај органот што го регистрирал и со одјавата во рок од 30 дена од денот на одјавувањето, да ги врати регистарските таблици, ако:1) возилото е уништено, односно има статус на искористено возило, согласно со прописите за заштита на животната средина;
2) возилото е трајно изнесено надвор од територијата на Република Македонија;
3) возилото ќе се регистрира во странство заради преселување на сопственикот на возилото, односно од други причини;
4) возилото е украдено;
5) важењето на сообраќајната дозвола истекло пред повеќе од 30 дена, односно пред повеќе од една година за мопеди (велосипеди со мотор), мотоцикли, лесни трицикли, трицикли, лесни четирицикли, четирицикли, возила за домување, приколки за домување и олдтајмери и
6) во времето на важење на сообраќајната дозвола престанало да важи задолжителното осигурување.
(2) Во случаите од ставот (1) точка 4 на овој член, сопственикот на возилото е должен само да го одјави своето возило.
(3) Регистарските таблици со исти ознаки не може да му се издадат на сопственикот на возилото, доколку се изгубени, доколку возилото било украдено или доколку за него биле издадени регистарски таблици со избрана ознака.
(4) Министерството за внатрешни работи или правното лице за регистрација на возила е должно да ги чува вратените регистарски таблици една година од денот на нивното враќање.(5) Ако во временскиот период од ставот (4) на овој член со вратените регистарски таблици не е регистрирано истото возило, тие таблици се уништуваат.(6) Ако во случајот од ставот (1) точка 5 на овој член, сопственикот не го одјави своето возило и не ги врати регистарските таблици, Министерството за внатрешни работи писмено го известува сопственикот на возилото, дека во рок од 15 дена од денот на приемот на известувањето е должен да ги исполни своите обврски од
ставот (1) на овој член.
(7) Ако сопственикот на возилото во рокот од ставот (6) на овој член не ги исполни своите обврски, Министерстово за внатрешни работи го брише возилото од евиденцијата на регистрираните возила и презема мерки за одземање на регистарските таблици на трошок на сопственикот на возилото.(

Глоба во износ од 200 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на сопственик на возило што постапува спротивно на одредбите од ставот (1) точки 1, 2, 3, 5 и 6 на овој член.
(9) Глоба во износ од 400 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на сопственик на возило што постапува спротивно на одредбите од ставот (1) точка 4 на овој член.
(10) Глоба во износ од 1.500 до 2.200 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на правно лице што постапува спротивно на одредбите од ставот (1) точки 1, 2, 3, 5 и 6 на овој член.
(11) Глоба во износ од 400 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на одговорното лице кај правното лице за сторен прекршок од ставот (10) на овој член.
(12) Глоба во износ од 1.500 до 2.400 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на правното лице што постапува спротивно на одредбите од ставот (1) точка 4 на овој член.
(13) Глоба во износ од 400 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на одговорното лице кај правното лице за сторен прекршок од ставот (12) на овој член.