Автор Тема: Регистрација и технички преглед  (Прочитано 340683 пати)

Отсутен Kozanostra

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1901
  • Opel Astra 2.0 DI
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #210 на: 17 Март 2015, 01:53:36 am »
Јас Роверот кога го имав на него секоја година ми даваа попуст при осигурување сега кога го продадов ја земав Астрата и на неа во истата компанија ми кажаа дека не важи попустот бидејќи друга кола имам сменето и дека од наредната година ќе имало попуст баш како што кажа онак.....

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14721
  • Пудингот на шоферството
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #211 на: 17 Март 2015, 02:09:40 am »
ЈАс ионака на ниедна кола не фаќам попуст... :D
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен KaZaN

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3950
  • Шуруп Мајстор
    • Шуруп Мајстор
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #212 на: 17 Март 2015, 07:37:22 am »
Конкретно муабетов кај мене е што Цитроенот е единствена кола шо е на мое име. Првата регистрација, лани, полисата ми беше преку Albsig. Е сега, сакам да идам преку Triglav, во меѓувреме не сум имал никаква сообраќајка (или промена на возило и сл.)...
И уствари прашањето ми беше дали доколку го напраам тоа, би го изгубил попустот од 5% шо ми следува..?

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34294
  • Таков е животот... јебига
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #213 на: 17 Март 2015, 08:05:59 am »
Како ќе докажеш дека не си направил сообраќајка?
Ако можеш тоа да го докажеш 5% ваљда ќе ти даат онака и без да прашаш.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6204
  • 69
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #214 на: 17 Март 2015, 08:16:01 am »
Попустот останува само доколку предходното возило е продадено. Му даваш копија од купопродажниот договор и попустот останува.

Баш така.
Само што на брокерите не им е во интерес тоа да ти го кажат. Подобро е да земе 10000 него 6000, нели.
А проблемот со нас е неинформираноста.
:)
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен tigar2012

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 72
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #215 на: 17 Март 2015, 08:27:06 am »
Конкретно муабетов кај мене е што Цитроенот е единствена кола шо е на мое име. Првата регистрација, лани, полисата ми беше преку Albsig. Е сега, сакам да идам преку Triglav, во меѓувреме не сум имал никаква сообраќајка (или промена на возило и сл.)...
И уствари прашањето ми беше дали доколку го напраам тоа, би го изгубил попустот од 5% шо ми следува..?

Нема. Јас бев прво во евро-инс па после се префрлив во албсиг, и ми остана попустот.
Seat Ibiza 1.4 16v 55kw

Отсутен KaZaN

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3950
  • Шуруп Мајстор
    • Шуруп Мајстор
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #216 на: 17 Март 2015, 09:03:33 am »
Како ќе докажеш дека не си направил сообраќајка?
Ако можеш тоа да го докажеш 5% ваљда ќе ти даат онака и без да прашаш.
Ако глеаш така на работите, како тогаш он ќе го докаже спротивното, дека сум направил сообраќајка? Како тогаш се укинува попустот на тие што направиле сообраќајка? На истиот начин на кој гледа дека си направил, ќе види и дека не си направил...

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8218
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #217 на: 17 Март 2015, 09:31:47 am »
Ако смениш осигурителна компанија НЕ се губи попустот. Си останува и продолжува!

Три пати сменив компанија. Има како некој централен регистар каде што се водат осигураните возила. Само треба да посочиш дека не ја регистрираш како твое возило прв пат.

Ако смениш кола, јас мислам дека се губи попустот.

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5841
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #218 на: 17 Март 2015, 09:33:17 am »
Дечки да прашам да не знае некој, имам поднесено во основен суд скопје 1 за оставинска постапка за возило, треба да се префрли сообраќајната.  До среда ми рекоа дека ќе биде готово, прашањето ми е после тоа откако ќе ми го дадат документот од суд и ќе отидам на нотар толку е процедурата или има уште нешто да се чека?

И ако знае некој колку чини купопродажен договор вкупно.

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #219 на: 17 Март 2015, 10:01:40 am »
За тоа како ќе докажат дека си имал сообраќајка и го губиш попустот нема што ти да докажуваш туку самото побарување на оштета од твојата компанија се внесува во компјутер и тоа стои во Него со тоа што податоците ги има секоја компанија бидејќи се сите централно врзани бо системот. А за ова дека не се губи попустот со промена на возилото со приложување на купопродажен договор првпат слушам и овие денови ќе регистрирам кола па ќе го прашам агентот дали е вистина.

Отсутен DENDE - ARTEONED

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5662
  • Formerly Lancered recently Arteoned!
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #220 на: 17 Март 2015, 10:05:06 am »
Do kolku e max popust?
Jas imam 25% sobrano do sega

Отсутен KaZaN

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3950
  • Шуруп Мајстор
    • Шуруп Мајстор
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #221 на: 17 Март 2015, 10:05:29 am »
@achtung: и јас така мислев. Ама Џонтра ми врти некои муабети за докажување...

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34294
  • Таков е животот... јебига
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #222 на: 17 Март 2015, 10:09:03 am »
Казанко, јас те мислам како различен од некои од полу писмениве овде што не читаат како што е напишано.

Како ќе докажеш дека не си направил сообраќајка?
Ако можеш тоа да го докажеш 5% ваљда ќе ти даат онака и без да прашаш.

Јас не ти вртам муабети, само те прашав како може да се докаже. Но некој веќе пиша дека сите осигурителни биле врзани во некоја мрежа, па ете го одговорот на моето прашање.

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #223 на: 17 Март 2015, 10:17:27 am »
Политиката на осигурителните компании со попустите не си ја прават самите компании туку системот од бирото за осигурување колку ќе каже толку ќе си ја платиш полисата, затоа и цените се исти во сите компании. Едноставно он ја внесува твојата таблица и му вади во компјутерот колку ќе ти биде полисата, попуст од ракав нема фрлање единствено ако самата компанија од џеб го плати попустот што тебе ти го дала.

Отсутен KaZaN

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3950
  • Шуруп Мајстор
    • Шуруп Мајстор
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #224 на: 17 Март 2015, 10:29:02 am »
Џонтра... Ти беше единствен што го спомна муабетот за ДОКАЖУВАЊЕ. Како си добивал ти попуст во минатото кога си регистрирал кола? Си докажувал нешто, или се си идело со ред?

Затоа и спомнав дека вртиш некои муабети... Тебе бар не ти е прва регистрација...