Вчера бев да ја регистрирам колата во псс. Но бидејки имам ставено фолии без атест ме вратија, па фино лепо си ги одлепив и денес пак во псс. Колата прописно ја "истресоа" мереа издувни гасови, проверуваа сноп на светла, број на мотор, број на шасија и сите други стандардни работи. Вратија коли со афтермаркет ксенон, лед, издув, зуцка на ветробранско стакло, коли што загадуваат над дозволеното и др.
Затоа ако имате нешто незаконско на колата ставено би било добро да си го средите тоа со време.
Конечно почнаа да стегаат. Све би било добро додека не почнат да пуштаат коли со пријатели.
Sent from my FIG-LX1 using Tapatalk