Од лично искуство со технички преглед во 2 држави во ЕУ. Значи нема споредба со Македонија. Горе доле тестирањата се усогласени во сите држави членки на ЕУ.
1)
2) После овој процес иде ригорозна проверка на СИТЕ светла, магленки, жмигавци итн. Ако малку не ти се подесени предните светла ќе те предупредат (и ќе ти стои во документ за наредна година да видат) а ако е над дозволени граници пак го јадеш и си идеш дома со рок од 2 недели да ги средиш проблемите. Па проверува колку мм ти се гумите.
3) После тој господинот што ти ја прегледува колата ти седнува и проверува внатре дали све е ок. Дали светат светла за абс, уље итн. Па проверува сите прозори дали работат па после дали брисачите ти работат нормално. Ако немаш течност за стакло ондак исто така не поминуваш технички од прва. Па проверува дали свирката ти работи. Ако не, не поминуваш.
4) Наредно е проверка на предни кочници, задни и рачна кочница. Јас за малце не поминав технички зошто рачната не била многу стегната (0.8 лево со 1.0 десно). И навистина е така, треба да ја сменам комплет. Ако имаш големи разлики помеѓу на пример предна лева и предна десна кочница ондак повторно не поминуваш од прва.
5) Доколку се е во ред со кочници оди последниот процес. Односно ја креваат колата, се тестира преку самата машина (глуми дупки на патот нели) и човекот ги прегледува сите страни. Дали стабилизаторот ти е лабав или било кој механички дел. Додека трае ова тестирање исто така се бара дали има корозија (особено овде поради климата нема Мазда која што нема корозија одоздола).
Јас се сеќавам дека се ова што го наброја се правеше и во бивша Југославија.
Точката под број 1 ја избришав, бидејќи не се сеќавам дека во тоа време имаше мерење на издувни гасови и чад, немаше еуро мотори, немаше безоловен бензин.
Имаше оловен кој прекрасно ми мирисаше кога излегуваше од ауспухот. Со задоволство би сакал да го помирисам тој мирис повторно.

Значи немаше трте мрте или пријател, другар, протекција, ТЕРАЈ итн итн ако не ти држеше ручна, ножна, сеедно.
Ако имаш луфта на јанучица, ако не ти светат светла, жмигавци свирка.
НЕ, навистина немаше пријатели далечните 80-десети години.
Таткоми беше на необична државна функција, но немаше апсолутно никаква протекција ни за него. Ниту за докторите.
Секој технички имаше пцуење по некој женски член од фамилијата ако се вратевем дома без печат, за да се разработи сајлата од рачната, или да се затегне, или да се сменат гумици на задни клипчиња, итн итн, (се работи за застава 101).
Корозија исто така проверуваа. АКо имаш скапаница, те враќаат да си ја направиш, закршиш и офарбаш колата. После тоа можеш да поминеш.
Значи се ова функционираше додека бевме држава и додека имавме ЈУС стандарди.
Одкако се распадна Југославија, се отиде во вода.
Се отворија милион технички кои за да привлечат муштерии, технички исправни возила стануваа и коли кои имаат само сообраќајна од документ и исправна сијаличка од жмигавец.
Небитно дали колата кочи, има луфта на предница, дали е скапана и слично, битно да тера.
Жалосно но вистинито.